News

Ви го честитаме големиот празник на сесловенските просветители

Обединети за Македонија ви го честита големиот празник на сесловенските просветители.

Денеска, освен честитка, сакаме да испратиме порака до сите генерации кои користат социјални медиуми.

Користењето на латиница за нашиот јазик е неприродно и не изгледа убаво.

Затоа, да користиме кирилско писмо и да си ја запазиме вековната традиција.

Делегација на Обединети за Македонија положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Делегација на Обединети за Македонија, предводена од претседателот Љубе Бошкоски, положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 116 годишнината од смртта и оддаде почит на големиот револуционер.

Од обединување-до победа! Употреба и злоупотреба на претседателската изборна кампања

Од обединување-до победа!

Сведоци сме на употреба и злоупотреба на претседателската изборна кампања.

Се претвора во битка за враќање на властохлепно минато на ДПМНЕ – на времето на БЈРМ кратенката и на заложништвото на земјата од страна на криминогеното раковдство на ДПМНЕ.

Кандидатката и нејзиниот претседател Мицковски со денови рецитираат што се не чини во земјава и рекламираат што ќе направат кога и ако дојдат на власт.

Но – многуте зборови имаат единствен именител: ВЛАСТ! А ние знаеме и каков е резултатот на нивната ВЛАСТ. Изолирана, осиромашена Македонија, Македонија со галопирачки кредитни задолжувања фрлена на коленици пред вратите на банкротот, Македонија без иднина, со партиски ДПМНЕ службеник – наречен Претседател.

Токму таков е и сегашниот Претседател. Со интернет страница која вели дека не ги добил новите директиви од ДПМНЕ, Претседател е во и на минатото.

И Кандидатката Сиљановска-Давкова упорно заговара такво сценарио, иако професорката Сиљановска-Давкова знае дека сето нема врска со уставот и законите за претседателските права и должности.

Целата е нурната во битката за враќање на владеењето на ДПМНЕ.

Каде всушност не водат кандидатката и нејзиниот претседател Мицковски? Секако не само кон лошите политики. Тие се ЗАКАНА и за нашата, европската иднина и за младите.

А младите, како посебна социјална категорија, претставуваат основа за развој на општеството. Непобитно се поврзани со човечката димензија на европските интеграции и се основа за градење на Концептот на Европскиот Ѓраѓанин. Профеосрката која вели дека не ги лаже студентите, ова би требало да им го каже, иако по плоштадите нејзините зборови имаат токму спротивно значење.

Иднината на младите на ДПМНЕ е за оние кои се подготвени да и слугуваат – да лепат плакати и да се партиски послушници како административни служебиници. Прогонот е за сите останати.

Затоа, ги повикуваме младите да гласаат против ваквата ДПМНЕ иднина. Да гласаат за европската и за својата иднина во неа! За модернизација наместо популизам и сервилен партиски патриотизам.

Обединети за Македонија цврсто стојат зад целите на оваа коалиција.

Зошто? Затоа што ние сме вистинското ВМРО, а она што оваа Влада го работи изминативе две години се токму заложбите на ВМРО од деведесетите години – за ЕУ и НАТО. Поддршката на коалицијата за ОМ претставува и продолжување на 2014 година. Затоа сме сега тука – повторно сплотени и со иста цел – како вистинско ВМРО , како доследност со која Обединети за Македонија застануваат зад обединување и заедништво.

Во овие извонредно значајни моменти за нашата земја, од исклучително значење е обединувањето чија цел се заедничка изградба на стабилно, економски развиено и просперитетно општество.

Поради тоа, мошне е значајно Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини граѓаните, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, претседател кој ќе гледа кон иднината. Стево Пендаровски е токму таков.

ОМ е свртена кон иднината и кон предизвиците што лежат таму.

Подготвена е да вложи максимални напори за да ја направиме земјава добредојден партнер на целиот свет – модерна земја на среќни луѓе.

Да и дадеме шанса на среќата и на иднината

#ЗаедноНапред 🇲🇰🇪🇺

Демант на Обединети за Македонија ОО Охрид

Раководството на ОО Обединети за Македонија – Охрид во целост ја демантира изјавата на поранешниот претседател и од неодамна разрешен член на ОМ г-дин Владимир Каневчев како неточна.

Истиот, како поранешен претседател на ОО не може и не смее да дава изјави во име на целокупното останато раководство дека наводно го поддржува кандидатот за градоначалник на ГДУ, г-дин Михаил Трендафилов – Нанче, бидејќи тоа е бесрамна лага!

Сосема спротивно, раководството, како и членството на ОО Обединети за Македонија – Охрид, како коалициони партнери на СДСМ, даваат целосна и безрезервна поддршка на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид д-р Константин Георгиески, а воедно и на кандидатот на СДСМ за претседател на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

Потомците на ВМРО со Љубе Бошкоски

Потомците на легендите на #ВМРО – Мише Развигоров, Борис Дрангов и Кузман Шапкарев, заедно со претседателот Љубе Бошкоски и делегацијата на ОМ.

Прекрасно беше чуството да се биде заедно со потомците на легендите на ВМРО – Мише Развигоров, Борис Дрангов и Кузман Шапкарев.

Да се видат заедно со членовите на Обединети за Македонија и нејзиниот претседател Љубе Бошкоски – како обединување на вистинското ВМРО, како поставување на минатото за темел на иднината, како што нагласи и премиерот Зоран Заев, на настанот на денот – на чествувањето на 11 години од создавањето на Бугарскиот Културен Клуб – Скопје.

Бошкоски: Кое име ќе го враќа Сиљановска – Давкова? БЈРМ?

Љубе Бошкоски: Кое име ќе го враќа Сиљановска – Давкова? БЈРМ? Едно грдо име, кое го носевме толку години – тоа е и нешто што не е во нејзина надлежност!

На средбата на Стево Пендаровски со граѓаните на Сопиште на присутните им се обрати и Љубе Бошкоски. „Јас, како Брат Љубе и Обединети за Македонија цврсто стоиме зад кандидатурата на Стево Пендаровски. Да ја расчистиме дилемата дали вистинското ВМРО е зад оваа кандидатура. Да – бидејќи она што оваа Влада го работи изминативе две години се заложбите на ВМРО од деведесетите години – за ЕУ и НАТО.

Осврнувајќи се на заложбите на Сиљановска – Давкова за промена на Преспанксиот договор и за враќање на старото име, Бошкоски запраша дали тоа значи дека таа ќе е над Уставот, а и кое старо име ќе враќа? БЈРМ?

Едно грдо име, кое го носевме толку години, тоа е и нешто што не е во нејзина надлежност,поентираше Бошкоски. „Затоа, на она членство на ВМРО, на оние 150 000 луѓе кои пред десет години го дадоа гласот за мене како независен кандидат за претседател,со ВМРО- вска идеологија, им порачувам да не потпаѓаат под вакви лаги, невистини и небулози и да му ја дадат поддршката на Стево Пендаровски“

ОМ со поддршка за Пендаровски

ОМ со поддршка на заедничкиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

Претседателството на Обединети за Македонија во поширок состав, на својата синоќешна седница, донесе едногласна одлука за подршка на заедничкиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

Поддршката на кандидатот зад кој, патем, застанаа триесетина политички партии, за ОМ претставува и продолжување на 2014 и доследност со која Обединети за Македонија застануваат зад обединување и заедништво.

Претседателството оценува дека во овие извонредно значајни моменти за нашата земја, од исклучително значење е обединувањето, чија цел се заедничка изградба на стабилно, економски развиено и просперитетно општество.

Поради тоа, од исклучителна важност е Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини граѓаните, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, претседател кој ќе соработува со извршната власт, ќе гледа кон иднината и ќе промовира заедништво и реформски капацитети во државата.

Делегација на ОМ на прием на Бугарската Амбасада по повод 3-ти Март

Делегација на Обединети за Македонија на приемот на Амбасадата на Р. Бугарија по повод Националниот празник 3. Март:

Остварените средби со Амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја, Н.Е. Ангел Ангелов и со Симеон Попов, советник на Андреј Ковачев, заменик-претседател на Европската Народна Партија се потврда за заложбите за добрососедство и за создавање проектни поврзувања за натамошно унапредување на билатералните односи и сестран развој.

Коалициска работна средба

Присувствуваме на работна средба со Коалицијата предводена од СДСМ.

Решивме во овие моменти за Македонија да ги тргнеме идеолошките разлики и партиските интереси, бидејќи државата ни е пред нив.

Постигната е првична согласност, партиите од Коалицијата да застанат зад заеднички кандидат за претседател на државата и заеднички да настапат уште во првиот круг.

Оценивме дека на Македонија и е потребен претседател кој ќе застане со прогресивните сили и Владата во процесите кои значат напредок, иднина, економија, членство во НАТО и ЕУ и ќе работи за сите граѓани на нашата држава.