Цели

Партијата се залага за:

  1. Демократски развој и социјален просперитет на Република Северна Македонија;
  2. Воздигнување на достоинството и духовните вредности на македонскиот народ, граѓаните на Северна Македонија и македонската држава;
  1. Правна држава, доследно спроведување на законите и правните процедури и

самостојност во одлучувањето на судовите;

  1. Пазарно стопанство и приватната сопственост, како темелни основи на

економскиот систем;

  1. Слободно здружување на граѓаните во партиски или непартиски организации

и здруженија и за слобода на вероисповеданието, во која свештенството и

верите се автономни;

  1. Слобода на говорот и печатот, спротивставување на секаков вид политичко

туторство врз новинарството, цензурата и интервенционизмот во новинарските

прилози;

  1. Почитување на правата на етничките заедници и спротивставување на било

какви изрази на нетолеранција, шовинизам или сегрегација на полова, етничка,

расна, јазична или верска основа;

  1. Обезбедување на правата на Македонците кои живеат надвор од

границите на Република Северна Македонија, согласно со Уставот на Република Северна

Македонија и меѓународните документи;

  1. Градење на пријателство и добрососедство со сите соседни држави;
  2. Градење на взаемно корисна соработка со земји – членки на разни

Асоцијации, како што е Г – 8, Г – 20 и други;

Соработка со меѓународни организации чии што приоритети се регионална и

глобална сигурност и заштита на човековите права;

  1. Зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО.
  2. Обезбедување на економско-социјална сигурност.