Прес центар

Од обединување-до победа! Употреба и злоупотреба на претседателската изборна кампања

Од обединување-до победа!

Сведоци сме на употреба и злоупотреба на претседателската изборна кампања.

Се претвора во битка за враќање на властохлепно минато на ДПМНЕ – на времето на БЈРМ кратенката и на заложништвото на земјата од страна на криминогеното раковдство на ДПМНЕ.

Кандидатката и нејзиниот претседател Мицковски со денови рецитираат што се не чини во земјава и рекламираат што ќе направат кога и ако дојдат на власт.

Но – многуте зборови имаат единствен именител: ВЛАСТ! А ние знаеме и каков е резултатот на нивната ВЛАСТ. Изолирана, осиромашена Македонија, Македонија со галопирачки кредитни задолжувања фрлена на коленици пред вратите на банкротот, Македонија без иднина, со партиски ДПМНЕ службеник – наречен Претседател.

Токму таков е и сегашниот Претседател. Со интернет страница која вели дека не ги добил новите директиви од ДПМНЕ, Претседател е во и на минатото.

И Кандидатката Сиљановска-Давкова упорно заговара такво сценарио, иако професорката Сиљановска-Давкова знае дека сето нема врска со уставот и законите за претседателските права и должности.

Целата е нурната во битката за враќање на владеењето на ДПМНЕ.

Каде всушност не водат кандидатката и нејзиниот претседател Мицковски? Секако не само кон лошите политики. Тие се ЗАКАНА и за нашата, европската иднина и за младите.

А младите, како посебна социјална категорија, претставуваат основа за развој на општеството. Непобитно се поврзани со човечката димензија на европските интеграции и се основа за градење на Концептот на Европскиот Ѓраѓанин. Профеосрката која вели дека не ги лаже студентите, ова би требало да им го каже, иако по плоштадите нејзините зборови имаат токму спротивно значење.

Иднината на младите на ДПМНЕ е за оние кои се подготвени да и слугуваат – да лепат плакати и да се партиски послушници како административни служебиници. Прогонот е за сите останати.

Затоа, ги повикуваме младите да гласаат против ваквата ДПМНЕ иднина. Да гласаат за европската и за својата иднина во неа! За модернизација наместо популизам и сервилен партиски патриотизам.

Обединети за Македонија цврсто стојат зад целите на оваа коалиција.

Зошто? Затоа што ние сме вистинското ВМРО, а она што оваа Влада го работи изминативе две години се токму заложбите на ВМРО од деведесетите години – за ЕУ и НАТО. Поддршката на коалицијата за ОМ претставува и продолжување на 2014 година. Затоа сме сега тука – повторно сплотени и со иста цел – како вистинско ВМРО , како доследност со која Обединети за Македонија застануваат зад обединување и заедништво.

Во овие извонредно значајни моменти за нашата земја, од исклучително значење е обединувањето чија цел се заедничка изградба на стабилно, економски развиено и просперитетно општество.

Поради тоа, мошне е значајно Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини граѓаните, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, претседател кој ќе гледа кон иднината. Стево Пендаровски е токму таков.

ОМ е свртена кон иднината и кон предизвиците што лежат таму.

Подготвена е да вложи максимални напори за да ја направиме земјава добредојден партнер на целиот свет – модерна земја на среќни луѓе.

Да и дадеме шанса на среќата и на иднината

#ЗаедноНапред 🇲🇰🇪🇺

Демант на Обединети за Македонија ОО Охрид

Раководството на ОО Обединети за Македонија – Охрид во целост ја демантира изјавата на поранешниот претседател и од неодамна разрешен член на ОМ г-дин Владимир Каневчев како неточна.

Истиот, како поранешен претседател на ОО не може и не смее да дава изјави во име на целокупното останато раководство дека наводно го поддржува кандидатот за градоначалник на ГДУ, г-дин Михаил Трендафилов – Нанче, бидејќи тоа е бесрамна лага!

Сосема спротивно, раководството, како и членството на ОО Обединети за Македонија – Охрид, како коалициони партнери на СДСМ, даваат целосна и безрезервна поддршка на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид д-р Константин Георгиески, а воедно и на кандидатот на СДСМ за претседател на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

Бошкоски: Кое име ќе го враќа Сиљановска – Давкова? БЈРМ?

Љубе Бошкоски: Кое име ќе го враќа Сиљановска – Давкова? БЈРМ? Едно грдо име, кое го носевме толку години – тоа е и нешто што не е во нејзина надлежност!

На средбата на Стево Пендаровски со граѓаните на Сопиште на присутните им се обрати и Љубе Бошкоски. „Јас, како Брат Љубе и Обединети за Македонија цврсто стоиме зад кандидатурата на Стево Пендаровски. Да ја расчистиме дилемата дали вистинското ВМРО е зад оваа кандидатура. Да – бидејќи она што оваа Влада го работи изминативе две години се заложбите на ВМРО од деведесетите години – за ЕУ и НАТО.

Осврнувајќи се на заложбите на Сиљановска – Давкова за промена на Преспанксиот договор и за враќање на старото име, Бошкоски запраша дали тоа значи дека таа ќе е над Уставот, а и кое старо име ќе враќа? БЈРМ?

Едно грдо име, кое го носевме толку години, тоа е и нешто што не е во нејзина надлежност,поентираше Бошкоски. „Затоа, на она членство на ВМРО, на оние 150 000 луѓе кои пред десет години го дадоа гласот за мене како независен кандидат за претседател,со ВМРО- вска идеологија, им порачувам да не потпаѓаат под вакви лаги, невистини и небулози и да му ја дадат поддршката на Стево Пендаровски“

ОМ со поддршка за Пендаровски

ОМ со поддршка на заедничкиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

Претседателството на Обединети за Македонија во поширок состав, на својата синоќешна седница, донесе едногласна одлука за подршка на заедничкиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

Поддршката на кандидатот зад кој, патем, застанаа триесетина политички партии, за ОМ претставува и продолжување на 2014 и доследност со која Обединети за Македонија застануваат зад обединување и заедништво.

Претседателството оценува дека во овие извонредно значајни моменти за нашата земја, од исклучително значење е обединувањето, чија цел се заедничка изградба на стабилно, економски развиено и просперитетно општество.

Поради тоа, од исклучителна важност е Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини граѓаните, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, претседател кој ќе соработува со извршната власт, ќе гледа кон иднината и ќе промовира заедништво и реформски капацитети во државата.

ДПМНЕ докажа дека не е ВМРО

На денешната конвенција ВМРО-ДПМНЕ го избира кандидатот за претседател на државата – тоа е Гордана Силјановска Давкова, поранешен министер во владата на СДСМ и жесток противник на Преспанскиот договор.

Со партиски избор на навидум надпартиски кандидат, се прави обид за повторување на „методот Иванов“од 2009 година. Тогашната академската заедница го иницира и се заложи за Иванов, за тој потоа да ја добие, оправда и одработи агендата на ВМРО-ДПМНЕ, односно на ДПМНЕ.

Следејќи ги внимателно говорите на кандидатите, видовме дека некои се претставуваат надпартиски, а веќе денес искажуваат култ кон Мицкоски! Други пак, се служеа со фашистички реторики и лажен национализам, трети бараа дом во ДПМНЕ по поминати бројни партии, а видовме и докажани комунисти, сврзани со Белградско-Московската линија.

Меѓу делегатите, за жал, беа и наши поранешни членови, луѓе со нечиста совест, луѓе кои го креираа политичкиот реваншизам на ДПМНЕ против нашиот претседател Љубе Бошкоски!

Обединети за Македонија според сето заклучува дека ДПМНЕ сѐуште живее во 19. век, а предлага кандидат за претседател за во 21. век. Не видовме ниту едно решение – само обид за нова емотивна манипулација со македонскиот народ!

Сите сме МАКЕДОНСКИ НАРОД: ВМРО во преамбулата на Уставот

Според последните неофицијални информации, дел од Преамбулата ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“.

Амандманот 36 или членот 49 каде што буквално во самиот предлог стоеше „за дијаспората на македонскиот народ“ да е сменето со „дијаспората на македонскиот народ и другите заедици коишто живеат во Македонија“.

Во овие историски денови на нашата Македонија, гледајќи ги предлозите за измени на Уставот, Обединети за Македонија не може, но и не смее да не даде еден најбезбеден предлог за сите граѓани на нашата земја кои искрено ја сакаат и почитуваат.

ОМ јасно и секогаш зборувала и ќе зборува за обединување на целото македонско ткиво, по примерот на соседните земји, но и на модерниот, цивилизиран свет.

Време е да го тргнеме југословенскиот, застарен принцип на гледање на „посебни народи“ во една држава и „други заедници коишто живеат во Македонија“. Време е да го тргнеме видувањето дека македонскиот народ, дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ и така натаму, е едно различно нешто, но живее во една иста татковина.

Ако ги набројуваме сите етноси по оваа логика, да има барем еден од друг етнос, ќе се чувствува подолу од другите, макар и да е кажано „и дел од другите народи“.

Советуваме за доброто на нашата земја, за да нема поголеми проблеми во иднина, напоменувајќи ја најдобрата опција за никој да не се чуствува подоле од некој друг, притоа, ако вистински ја сака Македонија, најдоброто решение е следново:

Ако основата на нашата држава е револуционерната борба на нашите предци, Обединети за Македонија, како центар- десно партија која ја почитува традицијата, учи од минатото и се бори во иднина да не се повторат грешките од него, предлагаме ВМРО како организација (не како партија), со сите свои претходни имиња да се внесе во Преамбулата на Уставот и да се земе пример за каква Македонија сонувале нашите предци.

Образложението е следно:
Устав на ТМОРО:

Член 1. Тајната Македоно – Одринска Револуционерна Организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области.

Член 4. Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да биде корисен на револуционерното ослободително дело.

Ова нека ни биде пример и основа за тоа каква Македонија сакаме во иднина.

МАКЕДОНСКИ НАРОД е ЦЕЛИОТ народ на Македонија. Сите сме МАКЕДОНСКИ НАРОД, нема никаква потреба да се делиме по етнос или самочуство, бидејќи во минатото секој се чувствувал Македонец (дел од Македонскиот народ), без разлика на кој етнос или неговото етничко самочувство.

Според гласнините, пописот во 2020 ќе биде без графа на етнос. Тогаш, ако одиме попис без етнос, не гледаме потреба од промена на вакви делови од Уставот и ставање на поголем товар на нашата држава.

Ајде конечно да ги тргнеме канџите на југословенизмот и застарениот модел на поделби, дајте сите сложно да сме тоа што сме – МАКЕДОНСКИ НАРОД.

Центар за комуникација,
Обединети за Македонија,
10.01.2019

Мицкоски ја лаже јавноста, ниту еден член од ОМ Могила не премина во ДПМНЕ

 

Почитувани членови на Обединети за Македонија,
Почитувани лојални членови на вистинското ВМРО,
Почитувани граѓани,

Независниот советник Борче Бучински, носител на независна листа за време на Локалните Избори од 2017 година од Могила, лажно се претставува дека е член на нашата партија, со цел да предизвика збунетост кај граѓаните.

Борче Бучински, независниот советник работи во интерес на ДПМНЕ од почетокот на неговиот мандат.

Актуелен Претседател на нашата Организација во Могила е Борче Сабатоски, кој останува во Обединети за Македонија и е наш почитуван и лојален член. Слободно можете да ги проверете листите низ Интернет, затоа на крај од овој прес, доставуваме документ од Државната комисија за спречување на корупцијата, достапен онлајн за граѓаните.

Ние заедно со Владата работиме во интерес на земјоделците, се трудиме да ја поправиме оваа десетгодишна погубна политика на ДПМНЕ во овие и во другите сфери.

Ова е доказ дека Мицкоски и ДПМНЕ наместо да ја прочистат и да ја реорганизираат партијата, да ја направат проевропска, со ваквите модерно-удбашки методи, го манипулираат народот и го лажат. Затоа порачуваме до ДПМНЕ: На ваквите модерно-удбашки методи нашиот народ не верува повеќе. Прочитани сте и очигледни во вашите намери.

 

Обединети за Македонија го осудува хушкачкиот говор на „Џoрџo Ивaнoв„

Хушкaчкиoт гoвoр нa лицетo Џoрџo Ивaнoв, пoттикнa целa тoлпa дa нaпaдне претстaвници, нa меѓунaрoднaтa зaедницa, и делегaцијaтa нa Oбединети зa Мaкедoнијa.
Гoвoрoт кoј беше пoлн сo oмрaзa јa пoттикнa тoлпaтa дa гo изврши oвoј срaмен чин, чии сценaристи прoдoлжијa пo стaриoт виг.
Се нaдевaме декa лицетo Џoрџo Ивaнoв, ќе пoкaже мaлку свеснoст, и ќе јa нaпушти функцијaтa кoјa јa узурпирa еднa целa деценијa.
Вoеднo, пoвикувaме нa пoбрзo рaсчистувaње нa случaјoт, и пoвикувaње нa oдгoвoрнoст нa стoрителите и сценaристите.

Честит Илинден Мaкедoнијo

Делегација на Обединети за Македонија предводена од претседателот Бошкоски заедно со генералниот секретар Раде Милососки, Потпретседателот Константин Кратовалиев и претседателот на младината Михаил Новковски положија свежо цвеќе на Мечкин Камен.

Обединети за Македонија на сите граѓани на Македонија им го честита најголемиот национален празник Илинден.

Непoднoсливaтa експлoaтaцијa, жестoкoстa нa режимoт, биле причинa зa еднo oд нaјмaркaнтните вoстaнијa, вo мaкедoнскaтa истoријa. Целтa билa дa се присили Турцијa дa дaде aвтoнoмијa нa Мaкедoнијa. И денес, ете гo пoвтoрнo oвoј нaрoд, стoи пред слични искушенијa. Бевме принудени дa ги решaвaме и прoблемите кoи не ги сметaвме зa нaши, нo мaкедoнскиoт нaрoд кaкo и секoгaш тaкa и сегa, бил пиреј. Еве сме, гoрдo и хрaбрo чекoриме нaпред. Еве сме, пркoснo и смелo рaзмислувaме зa пoдoбрo утре. Еве сме, сooчени сo сите тешкoтии и предизвици, oдиме меѓу нaјдoбрите. Еве сме, сo минaтoтo зaд себе, и иднинaтa пред себе. Еве сме, ние сме пиреј, ние мoжеме, зaеднo мoжеме.Чес тит Илинден, Мaкедoнијo.