Новости

Потомците на ВМРО со Љубе Бошкоски

Потомците на легендите на #ВМРО – Мише Развигоров, Борис Дрангов и Кузман Шапкарев, заедно со претседателот Љубе Бошкоски и делегацијата на ОМ.

Прекрасно беше чуството да се биде заедно со потомците на легендите на ВМРО – Мише Развигоров, Борис Дрангов и Кузман Шапкарев.

Да се видат заедно со членовите на Обединети за Македонија и нејзиниот претседател Љубе Бошкоски – како обединување на вистинското ВМРО, како поставување на минатото за темел на иднината, како што нагласи и премиерот Зоран Заев, на настанот на денот – на чествувањето на 11 години од создавањето на Бугарскиот Културен Клуб – Скопје.

Делегација на ОМ на прием на Бугарската Амбасада по повод 3-ти Март

Делегација на Обединети за Македонија на приемот на Амбасадата на Р. Бугарија по повод Националниот празник 3. Март:

Остварените средби со Амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја, Н.Е. Ангел Ангелов и со Симеон Попов, советник на Андреј Ковачев, заменик-претседател на Европската Народна Партија се потврда за заложбите за добрососедство и за создавање проектни поврзувања за натамошно унапредување на билатералните односи и сестран развој.

Коалициска работна средба

Присувствуваме на работна средба со Коалицијата предводена од СДСМ.

Решивме во овие моменти за Македонија да ги тргнеме идеолошките разлики и партиските интереси, бидејќи државата ни е пред нив.

Постигната е првична согласност, партиите од Коалицијата да застанат зад заеднички кандидат за претседател на државата и заеднички да настапат уште во првиот круг.

Оценивме дека на Македонија и е потребен претседател кој ќе застане со прогресивните сили и Владата во процесите кои значат напредок, иднина, економија, членство во НАТО и ЕУ и ќе работи за сите граѓани на нашата држава.

Бошкоски на средба со Плевнелиев

Претседателот на Обединети за Македонија беше на состанок со Претседателот на Република Бугарија, Росен Плевнелиев (2012-2017), претставници од Бугарско-Македонски Бизнис Клуб, каде се зборуваше за можностите за економска соработка меѓу Бугарија и Македонија во сферата на ИТ, outsourcing, автомобилската индустрија и модерните технологии, како и за поддршката на Република Бугарија за Евроатлантскиот пат на Македонија.

Средби со европратеници од европската десница

Претседателот на Обединети за Македонија, господинот Љубе Бошкоски присуствуваше на советувањето за инвестиции во здравствениот туризам во Брисел.

Во Европарламентот имаше средби со повеќе европратеници од центар-десниот политички спектар: Ружа Томашиќ и Алојзе Петерле каде се разговараше за ситуацијата во Македонија и за нејзината иднина во Европското семејство.

Тие дадоа целосна поддршка на нашата земја во евроатлантските интеграции.

Претседателот на Обединети за Македонија овие месеци ќе има повеќе средби со европски политичари од политичкиот десен спектар.

Прв дел од обуката „Млади балкански лидери“

Во Пловдив се одржуваше првиот дел од обуката „Млади балкански лидери“ организирана од страна на Институтот Охрид. Обуката е за вмрежување на младите и перспективни лидери од Македонија, Бугарија и Србија.

Претставник од младинската организација на Обединети за Македонија е Ѓорѓи Станковски.

Целта е да се создадат и обликуваат лидери кои ќе имаат поинаков пристап кон носењето одлуки, сѐ со цел интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Делегација на ОМ положи свежо цвеќе на споменикот на Ѓорче Петров

Делегација на Обединети за Македонија Ѓорче Петров предводена од претседателот на подмладокот и член на претседателството Михаил Новковски положи свежо цвеќе на спомен обележјето на патронот на општината Ѓорче Петров.

obedineti za makedonija -mihail novkovski

На денот на упокојувањето на Ѓорче Петров се потсетуваме на неговото дело и доприност за слободата на Македонија,со негувањето на историјата и оддвањето почит на личностите од неа го негуваме коренот, народ без корен е народ без историја кој ако истиот не го негува неможе да продолжи кон иднината.

обединети за македонија Ѓорче Петров-Mihail Novkovski

 

Центар за комуникации Обединети за Македонија 28.06.2018

Обединети за Македонија оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Делегација на Обединети за Македонија предводена од членот на претседателството Михаил Новковски му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев одбележивајки 115 години од смртта се потсеќаме на делата и борбата за национална и духовна слобода на македонците и македонскиот народ .

Се отвори Општинскиот штаб во Битола

Денеска во Битола се отвори штабот на Обединети за Македонија ОО Битола. Претседателот на ОМ, господионот Љубе Бошкоски во својот говор истакна дека се вложил максимален напор повторно да се отвори штабот на ОМ, најсилниот огранок на партијата која полека, но сигурно го враќа респектабилното место на политичката сцена и е дел од Власта и коалицијата, иако долго се чекало, но се исплатило да се биде дел од една рефорска Влада.

Бошкоски потенцираше дека иако ОМ е десничарска партија, со вмровска, десничарска и демохристијанска проевиденција, во оваа Влада има десничарски ноти, десничарски идеи, идеи кои подразбираат максимално вложување и поддржување на крупниот капитал кој ќе создава можности за нови вработувања во Репулика Македонија и да се решат проблемите кои остануваат во нашата држава.

Погледнете го целосното видео: