Новости

ОМ учествуваше на третиот Македонско-германски форум

Ѓорѓи Станковски и Деан Димчевски од Обединети за Македонија присуствуваа на третиот Македонско-германски форум.

Не добивањето на датум за преговори со Европската Унија е разочарување и за граѓаните на Северна Македонија и за многумина во Европа, но тоа не треба да ја обесхрабри државата туку напротив треба да ја поттикне да продолжи со реформите и со тоа да ги разубеди оние кои што се скептични. Во преговарачкиот процес клучна улога треба да има Собранието кое треба да има контрола над процесот. Ова беше заклучокот на III Македонско-германски форум: „Перспективите за проширување по Европскиот совет? Улогата на Собранието во пристапниот процес на Северна Македонија и релациите со Европскиот парламент” кој се одржа во Хотел Хилтон во Скопје.

Настанот беше организиран од Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) и Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), го отворија заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски и Дорис Пак, Претседател на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија и поранешен пратеник во Европскиот парламент.

Станковски: Со една изборна единица секој глас тежи исто

„Обединети за Македонија“ е за напуштање на моделот со шест изборни единици, затоа што со него гласовите не тежат подеднакво, рече пaртискиот претставник Ѓорѓи Станковски, кој претстави и симулација на изборните резултати со друг изборен модел.

„Перспективите на македонските избори“ – конференција на ЦИВИЛ за изборни реформи

ЦИВИЛ одржа конференција посветена на изборните реформи. На Конференцијата се говореше за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите.

На конференцијата учествуваа државниот врв, министри, претставници на политички партии, експерти и невладини организации.

Претседателот на ОМ, Љубе Бошкоски на средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

Претседателот на ОМ, Љубе Бошкоски денес имаше средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. На средбата се разговараше за евро-атлантските интеграции на државата и за изборниот модел на следните избори.

Обединети за Македонија, како центар-десно партија, е готова да помогне со своите конекции во европската десница за помош и побрза интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија, како наши стратешки партнери за подобра иднина на нашата земја.

Партиското раководство на ОМ на средба со Пендаровски

Пријателска средба со Бојко Борисов

Пријателска средба со Бојко Борисов, Ангел Џамбаски, Зоран Заев, Екатерина Захариева, Н.Е. Амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Ангел Ангелов, Раководството на Обединети за Македонија, БККС и други пријатели, по повод двегодишната од Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија и откривањето на паметникот на полковник Каварналиев во Дојран.

 

 

ГЛАС ИСТРЕ: Љубе Бошкоски го нарекоа македонски Мандела

Тоа што Љубе Бошкоски го проживеал во своите неполни 60 години и повеќе од доволно е за снимање филм во чие сценарио не би требало да има ништо друго освен неговиот живот, пишува порталот Глас Истре.

„Неговиот живот е толку содржаен, преполн со пресврти и луди ситуации што само треба да се следи нивната нитка. Животот на Бошкоски е трилер со неверојатни заврзлами и уште полуди расплети во кои после многу зла сепак победува доброто. Но патот е тежок, послан со препреки, per aspera ad astra. Човекот, може да се каже без ниту малку претерување, е македонскиот Нелсон Мандела“, пишува Глас Истре во подолг текст во кој Бошкоски зборува во прво лице.

Во текстот Бошкоски раскажува за животот пред и после Хаг и активноста во политиката.

Заврши вториот модул на обуката „Млади Балкански Лидери“

Заврши вториот модул на обуката „Млади Балкански Лидери“. Модулот се одржуваше од 16 до 22 јуни во Ниш и Белград, Србија.

Млади Балкански Лидери е програма која ги обучува политичко-активните млади луѓе од трите соседни земји – Бугарија, Србија и Северна Македонија.

Претставник од Обединети за Македонија беше Ѓорѓи Станковски.

Предавачи беа претставници од трите балкански земји. За време на престојот во Белград, студентите го посетија Националното Собрание на Србија и се сретнаа со претседателот на Комисијата за надворешна политика проф. Д-р Жарко Обрадовиќ.

Координатор е Институт за политика (Бугарија), а партнери се Асоцијација Бестселер и Општина Стари Град (Србија), како и OHRID Institute for Economic Strategies and International Affairs и Општина Струмица (Северна Македонија). Програмата трае година и половина.

10 години од основањето на Обединети за Македонија

Обединети за Македонија со пригоден настан синоќа одбележаа значаен јубилеј – 10 години од основањето на Политичката партија. Присутните основачи и членови на Партијаа, бројните гости и симпатизери, како и претставниците на дипломатскиот кор и на политичките партии, имаа можност да го проследат видео времепловот за изминатата деценија, како и обраќањето на Љубе Бошкоски, основачот и претседателот Обединети за Македонија.

Кога се подготвував за обраќањево и кога во себе го оживеав сето низ што поминавме, првата промисла за тоа што сме беше – Револуционерна Партија, нагласи Бошкоски. Само револуционерните партии во своите анали, заедно со постојната, безрезервна народна поддршка, бележат и притисоци, уцени, изборни кражби и измами, прогони, монтирани судски процеси, спектакуларни апсења, протести и побуни.

Се сеќавате? Се обединивме за да ги оствариме идеалите на ВМРО, а станавме жестоки непријатели на оние што бесрамно, под светото име, се обидоа да не сотрат. Се дигнавме против таа власт и нејзината погубна политика, надградена со минато, проширена со корупција, проектирана да не претвори во заложници на нивната ДПМНЕ иднина, потсети Бошкоски.

Одговорни пред идеалите и стварноста, бевме и останавме противници на секоја политика што не дозволува земјата да оди кон стопански развој и реформи, кон евро-атланските интеграции.

Големиот исчекор кон евроатлантските семејства е направен со нови договори и компромис. Силата и тежината на компромисот, со одлуката за придавката кон името наместо БЈРМ кратенката, на сите ни создаде дилеми: Придавката кон името или агонијата создадена од груевистичката власт! Придавката кон името или корупција и криминал што ќе не втурнеа во банкрот, за да немаме време и сили да се бориме, криминалците да ги запреме во погубниот поход! Придавката кон името или судот на совеста пред идните генерации?
Ја одбравме придавката наместо кратенката – ја одбравме иднината, со јасна мисла и порака – само иднината ќе ни суди и пресуди за тоа што наместо држава заложена кај груевци и мијалкови – и одбравме иднината на Европска Македонија, заклучи Бошкоски.

Нашата верба е и останува во идеалите на ВМРО, на опстојувањето и градењето на нејзините вистински цели, во обединувањето за нивно остварување. Ќе бидеме истрајни во тоа, потенцира Бошкоски.
Подаваме рака и кон ВМРО-ДПМНЕ, доколку најдат сили и се ослободат од срамните – криминални политики на груевистите. Не се случи ли тоа – нашите врати и срца остануваат отворени во нашиот дом на вистинската ВМРО.

 

Делегација на Обединети за Македонија положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Делегација на Обединети за Македонија, предводена од претседателот Љубе Бошкоски, положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 116 годишнината од смртта и оддаде почит на големиот револуционер.