Author: ОМ ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИЈА

Не одложување, а целосно укинување на прогресивното оданочување

Обединети за Македонија е за целосно укинување на прогресивното оданочување. Со рамниот данок сите се оданочуваат со иста стапка.

Освен како центар-десно партија, ова го посочуваме и со причина дека во иднина може да доведе до „brain drain“, односно поедници со повисок потенцијал на заработка може своите компании да ги пренасочат во друга земја.

Тоа би ја намалила конкурентноста и квалитетниот кадар, но и големината на платите на граѓаните. Освен тоа, прогресивниот данок ги одбива и потенцијалните инвеститори.

Секој инвеститор за да отвори работни места, му требаат добри услови за да може својата инвестиција да ја одржи во живот и да ја направи профитабилна, со што автоматски значи и проширување и повеќе работни места.

ОМ учествуваше на третиот Македонско-германски форум

Ѓорѓи Станковски и Деан Димчевски од Обединети за Македонија присуствуваа на третиот Македонско-германски форум.

Не добивањето на датум за преговори со Европската Унија е разочарување и за граѓаните на Северна Македонија и за многумина во Европа, но тоа не треба да ја обесхрабри државата туку напротив треба да ја поттикне да продолжи со реформите и со тоа да ги разубеди оние кои што се скептични. Во преговарачкиот процес клучна улога треба да има Собранието кое треба да има контрола над процесот. Ова беше заклучокот на III Македонско-германски форум: „Перспективите за проширување по Европскиот совет? Улогата на Собранието во пристапниот процес на Северна Македонија и релациите со Европскиот парламент” кој се одржа во Хотел Хилтон во Скопје.

Настанот беше организиран од Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) и Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), го отворија заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски и Дорис Пак, Претседател на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија и поранешен пратеник во Европскиот парламент.

Идеалите на ВМРО се водилка кон европска Македонија! Честит празник!

Делегација на Обединети за Македонија по повод 23-ти Октомври, Ден на Македонската револуционерна борба положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.


Со положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, симболично оддадовме почит кон хероите на Организацијата која се борела за слободата на македонскиот народ.

Обединети за Македонија ќе продолжи да ги негува идеалите на ВМРО, за еднаков просперитет и еднакви можности на сите граѓани на Македонската држава, за која бореле и гинеле нашите предци.


23-ти Октомври, е денот кога во 1893 година, млади интелектуалци во Солун ја создадоа Организацијата, чија цел е борба против секаков вид ропство, која според нејзиниот Устав има за цел да ги обедини сите незадоволни елементи од Македонија и Одринско, без разлика на вера, националност и убедување.


Затоа, Обединети за Македонија, почитувајќи го Уставот на Организацијата, повикува на државен патриотизам, сите граѓани на Македонија да работиме за доброто на нашата држава, бидејќи сите сме чеда на Македонија.


Нека ни е честит и вековит празникот!

Не ја злоупотребувајте моменталната ситуација за ситни политички поени

Во овие моменти за добивање преговори со Европската Унија, Обединети за Македонија ги повикува сите политички партии и организации да не ја злоупотребуваат моменталната ситуација за политички поени.

Јасно е кажано од денешната прес-конференција на Советот на Европа дека Македонија ги исполни сите услови за почнување на преговорите со Европската Унија. Пречка се внатрешните несогласувања меѓу земјите-членки за кои сме сигурни дека во Мај наредната година ќе се надминат.

Влезот на Македонија во Унијата е за доброто на сите граѓани на македонската држава. Тоа е надпартиско и сите сме одговорни за иднината на оваа држава.

Затоа ги повикуваме сите партии: Ако сте искрени и се борите за подобра иднина на македонската држава, не ја злоупотребувајте моменталната ситуација за ситни политички поени.

Вистинскиот патриотизам се гледа на дело. За резултатот во иднина одговорни сме сите. Затоа, сите заедно и сложно да работиме за подобра иднина на нашата татковина.

Обединувањето на десницата не почнува од белата палата

Почитувани членови и симпатизери на ОМ, почитувани граѓани на Македонија.

Би излегле на прес-конференција, но за неважни работи и луѓе кои работат за нечии интереси, како про-западна и модерна десна партија заклучивме дека нема потреба да трошиме енергија и време.

Истите членови кои „преминуваат“ се тргнати и исклучени од партијата уште пред неколку месеци поради нивните неусогласени ставови со Претседателството на партијата.

Обединети за Македонија како и секоја сериозна партија има општински организации и раководство кои одлучуваат за натамошниот тек на партијата, затоа сите изјави од таканаречени членови е невалидна.

Дали некои имаат цел да ја спинуваат ослободителната пресуда на нашиот Претседател, Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“, со што се докажа како поранешната Влада се пресметувала со политичките противници?

Како овој, но и другите случаи се само производ на едно тоталитарно размислување на остатоци од комунистичкиот про-југословенски режим, чиишто луѓе ја опседнаа партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа прашуваме: ОД ШТО СЕ ПЛАШИТЕ?

Обединувањето на десницата не почнува од белата палата. Обединети за Македонија останува верна на идеалите на ВМРО и нејзините членови се тука за поддршка, тоа може да се забележи од таканаречените членови кои беа дури двајца на вчерашната прес-конференција.

Станковски: Со една изборна единица секој глас тежи исто

„Обединети за Македонија“ е за напуштање на моделот со шест изборни единици, затоа што со него гласовите не тежат подеднакво, рече пaртискиот претставник Ѓорѓи Станковски, кој претстави и симулација на изборните резултати со друг изборен модел.

„Перспективите на македонските избори“ – конференција на ЦИВИЛ за изборни реформи

ЦИВИЛ одржа конференција посветена на изборните реформи. На Конференцијата се говореше за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите.

На конференцијата учествуваа државниот врв, министри, претставници на политички партии, експерти и невладини организации.

Ви го честитаме големиот празник – Рождество на Пресвета Богородица

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица е еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица.

Нека милоста на Божјата Мајка биде со сите нас и не чува од секакво зло.

Го честитаме овој голем празник на сите христијански верници, со желби за пријатен празничен ден, здравје, мир и благосостојба во секој дом.

Сите да се обединиме под македонското знаме! Честит 8-ми Септември!

Обединети за Македонија на сите граѓани на Македонија им го честита 8-ми септември- денот на независноста.

Нешто за кое треба да се гордее целиот македонски народ, без разлика на вера, националост, пол и убедување е дека Македонија на мирен начин се оттргна од тогашната сфера на србо-комунизам, диктирана од режимот на Белград.

Република Северна Македонија полека, но сигурно расчистува со југословенското минато. Затоа, време е да се обединиме сите луѓе, без разлика на националост под македонското знаме, бидејќи сите сме македонски народ, деца на Македонија.

Нека политиката биде демократска борба, со конструктивни идеи, државен патриотизам, а не манипулација врз база на етнички национализам.

Така заеднички, да ја градиме нашата, македонска држава.

Нека ни е честита слободата!

Претседателот на ОМ, Љубе Бошкоски на средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

Претседателот на ОМ, Љубе Бошкоски денес имаше средба со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. На средбата се разговараше за евро-атлантските интеграции на државата и за изборниот модел на следните избори.

Обединети за Македонија, како центар-десно партија, е готова да помогне со своите конекции во европската десница за помош и побрза интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија, како наши стратешки партнери за подобра иднина на нашата земја.

Партиското раководство на ОМ на средба со Пендаровски