Раде Милосовски: Груевски и Мијалков ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања

Со резигнираност ги одбиваме обвинувањата на Сашо Мијалков дадени во интервјуто за Македонски весник, во кое користејки класичен спин, се обидува да ги дискредитира лидерите на ВМРО-Народна партија и Обединети за Македонија, г. Љубчо Георгиевски и г. Љубе Бошкоски.

Во Интервјуто во кое го деградира актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, човекот кој е креатор токму на политиката и начинот на владеење, која сега ја критикува, се обидува да наметне неточни податоци, злоупотребувајќи го авторитетот на САД и состојбата во нашата држава во пост воениот период после 2001-ва година.

Имено, тој вели: „Само Љубчо Георгиевски бил полош од него во 2002 година, кога освои 300.000 гласови, а тогаш и тој и Љубе Бошкоски беа на црната листа на САД, a позади себе имаа шверц на цигари, нафта,убиства и куп други афери.”

Јавноста знае и памети дека овие инсинуации во никој случај не може да бидат на адреса на Георгиевски и Бошкоски, туку такви квалификации може да си ги упати само себе лично.

Ние, како партија не навлегуваме во внатрешните проблеми и оценка за работење на ВМРО-ДПМНЕ, уште помалку во анализа на нечии, според нас, нарачани интервјуа, за да се креира одредено јавно мислење за таа партија и нејзиното актуелно раководство.

Нашата реакција е со цел, во старт да се пресечат обидите да се минимизира победата на двоецот Георгиевски – Бошкоски, кои се синоним за очувување на вмровската идеја, и кои и во 2016-та, и на последните избори, ја поразија политиката која ја всадија токму тој со неговиот братучед, за кои има отворени серозни обвиненија за криминал и злоупотреба на функција. Како партија, со целосна одговорност, тврдиме дека претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од Груевски и Мијалков, ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања.

 

Со почит,

Генерален секретар на Обединети за Македонија

Раде Милосовски