Ден: д.м.г

ОМ ви го честита 24 Мај – Денот на светите солунски браќа Св. Кирил и Методиј

Денес е денот кога се потсетуваме на делото на Св. Кирил и Методиј – дело кое обединува многу народи во Европа и светот, со тоа што писмото станува дел од нивната традиција и култура.

Нивната задача е пример за тоа како треба да се сака својот народ, бидејќи пишаниот збор е тој што останува и остава траг на безброј генерации по нив.

Да продолжиме да го чуваме тоа што е создадено во најтешките времиња на нашиот народ.

Затоа традиционално, Обединети за Македонија на овој ден освен честитка, како партија која го негува традиционализмот, повикува на пишување на социјалните медиуми на кирилица, со цел да се зачувува традицијата и почитта кон делото на Св. Кирил и Методиј и нивните претходници и следбеници.

За многу години!