Ден: д.м.г

Честитка по повод Велигден

Љубе Бошкоски: Имам чест и задоволство, од мое лично име и од името на Обединети за Македонија, од се` срце на сите верници да им го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово – Велигден.

Ја славиме победата на доброто над злото, животот над смртта. Велигден ни носи порака за љубов и разбирање, помагање и поддршка. Тоа е и основата на Христијанството, кое со години му дава дух на македонскиот народ.

Да се помолиме за подобри времиња и надминување на сите премежја, какво е и ова со кое се соочуваме.

Велигден го славиме кога човештвото се соочува со голема закана.

Во ова време-невреме, да си помагаме, чуваме најблиските и себеси. Да останеме разумни и да ги почитуваме препораките. Со тоа ги почитуваме и нашите роднини, пријатели – нашите најблиски.

Нека овој празник ви донесе љубов, среќа, разбирање, здравје и благосостојба.

Само така ќе не` биде како народ, сплотен и нескршлив.

Секогаш ваш,
Љубе Бошкоски