ОМ се приклучи на Коалицијата „Можеме“: Татковината ни е натпартиска идеологија!

Оценувајќи дека не е време за идеолошки натпревар и поделби на проевропските сили во земјава, а согледувајќи ја опасноста од обнова на режимот и повторно назадување на нашата Македонија, решивме да пристапиме кон Коалицијата „Можеме“.

Тоа го направивме од повеќе причини, а како суштествени ги сметаме:

 

  1. Како ВМРО за Македонија, ќе се бориме да создадеме реални услови за идеолошки натпревар, внатре – од Собранието. Мораме во нашата држава да создадеме демократски услови, за да создадеме предуслови за фер борба на идеи меѓу левицата, центарот и десницата.
  2. Одлучивме да ги оставиме настрана идеолошките разлики, да дејствуваме како патриоти кои навистиа ја сакаат својата татковина. Обновата на режимот и повторното заробување на државата не се во нашата партиска агенда.
  3. Доследно остануваме на определбите за завршување на започнатите реформски процеси во судството.
  4. Сметаме дека обезбедувањето на сите потребни предуслови за преговори на РС Македонија во ЕУ – е и останува надпарстиска цел.

Поради сето ова, решивме да ги тргнеме настрана идеолошките разлики и да се обединиме под македонското знаме!

Обединети за Македонија е со став дека обединувањето е решение – се додека не профункционира системот и не се создадат услови за демократизација на општеството!

#Можеме
#ВМРОвоСобрание