Месец: м.г

Одговорност за вандалите кои ја уништија спомен-плочата на Тома Давидов

На 15.03 група граѓани од Охрид поставија спомен-плоча близу Оздолени, Охридско во чест на големиот војвода на ВМРО – Тома Давидов.

За жал, плочата траеше само две недели. Таа беше уништена од вандали.

Уништувањето на плочата на војводата Тома Давидов е чин на вандализам и непочитување на сопствената историја.

Обединети за Македонија не може, а да не реагира на вакво ништење на нашата историја.

Затоа, упатуваме апел до Министерството за внатрешни работи да го расчисти случајот и да ги пронајде уништувачите за да одговараат пред Законот.

Никој нема право да уништува нешто што е потсетник на нашата борба за ослободување.

Воведување на евтина тарифа на електричната енергија за времетраење на безбедносните мерки

Почитувани,

Обединети за Македонија е со став дека сериозноста на состојбата упатува на потреба од соодветни чекори и решенија.

Меѓу првите би требало да биде воведувањето на евтина тарифа на електричната енергија за време траење на безбедносните мерки.

Изолацијата во домови секако ќе влијае врз зголемувањето на потрошувачката на електрична енергија. Од таму, апелираме да се воведе целосна евтина тарифа, се додека се во сила безбедносните мерки, со цел да им се олесни и помогне особено на оние со ниски примања и други социо-економски проблеми.

За нив ресорните министерства би требало да организираат распределба на социјални пакети и друг вид помош.

Едновремено, ја информираме јавноста и дека со одлука на Претседателството на Обединети за Македонија, сите партиски активности се пасивизирани.

ОМ се приклучи на Коалицијата „Можеме“: Татковината ни е натпартиска идеологија!

Оценувајќи дека не е време за идеолошки натпревар и поделби на проевропските сили во земјава, а согледувајќи ја опасноста од обнова на режимот и повторно назадување на нашата Македонија, решивме да пристапиме кон Коалицијата „Можеме“.

Тоа го направивме од повеќе причини, а како суштествени ги сметаме:

 

  1. Како ВМРО за Македонија, ќе се бориме да создадеме реални услови за идеолошки натпревар, внатре – од Собранието. Мораме во нашата држава да создадеме демократски услови, за да создадеме предуслови за фер борба на идеи меѓу левицата, центарот и десницата.
  2. Одлучивме да ги оставиме настрана идеолошките разлики, да дејствуваме како патриоти кои навистиа ја сакаат својата татковина. Обновата на режимот и повторното заробување на државата не се во нашата партиска агенда.
  3. Доследно остануваме на определбите за завршување на започнатите реформски процеси во судството.
  4. Сметаме дека обезбедувањето на сите потребни предуслови за преговори на РС Македонија во ЕУ – е и останува надпарстиска цел.

Поради сето ова, решивме да ги тргнеме настрана идеолошките разлики и да се обединиме под македонското знаме!

Обединети за Македонија е со став дека обединувањето е решение – се додека не профункционира системот и не се создадат услови за демократизација на општеството!

#Можеме
#ВМРОвоСобрание

 

Носиме мартинки – си ја пазиме традицијата

Традиционализам е почитување на обичаите на нашиот народ. Март е месец кога во нашата земја се носат мартинки.

Носењето мартинки во нашите краишта е спомнато дури и во Зборникот на Браќата Миладинови. Мартинките се носат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, но и до здогледување на првата ластовица.

Тажен е фактот што мартинките се помалку и помалку се носат низ младите, а можат да бидат најголем симбол на внимание и љубов, подарени на луѓето кои ни значат.

Охрабруваме да ја заживееме традицијата со носење мартинки, бидејќи со години се носи на овие простори. Подарете мартинка – со тоа ќе подарете внимание и љубов.