Ден: д.м.г

Даниел Пауновски: Треба да се случат драстични промени во нашето образование

пишува: Даниел Пауновски, член на Претседателство на политичка партија Обединети за Македонија

Премногу внимание и време како општество одвојуваме на не толку важни работи, работи кои 30 години тапкаат во место и не носат промени. За да промениме нешто треба да почнеме од коренот. Каде грешиме?

Училиштето, односно образованието, стана ради-реда традиција кај нас, а не алатка за едуцирање и учење за која е и неговата намена.

Училиштето треба да не подготви како во денешниот свет, светот се менува секојдневно а образовниот систем не се менува. Кога образовниот систем не се менува тогаш не може да очекуваме дека утре и ќе ни помогне во животот. Образованието кај нас одамна не е веќе предизвик, го имаш исто како и возачка што имаш, образованието не е веќе репер за успешност како порано. Никој со образование кај нас пари не направил, а и немаме некој јаки примери овој успеа во животот зашто многу учеше.

Но сепак училиштето и образованието се и те како потребни. Читање, пишување, собирање – математика…Денес тука сите застануваат, чим научаат да читаат, пишуваат и бројат образовани се.

Кога времињата се менуваат и потребите и навиките се менуваат, што значи треба и начинот на образование да се промени.

Треба да има настава за дрога, настава за сексуално образование – час за сексулано образование, не само слики и дијафрагми од од нелогични поими, настава за религијата и нејзините разлики, настава за полициска бруталност, настава за правата на секој човек, настава за мултикултурализам. Образованието се стекнува во училиште а не на улица, 90% од младите денес на улица и интернет се образуваат.

Мислам дека драстчни промени треба во нашето образование да се случат, драстични промени во општеството од страна на луѓето, а човек се учи уште кога е дете. Треба во средните училишта некој предмети сами да ги бираат учениците као на факултет, да посетуваат настава која ги привлекува, која ќе ги задржи во клупата а не на улицата, мислам дека средното образование треба да функционира на тој начин.

Нашево образование не е уопште различно од она во градника – предшколска возраст, денес образванието ни се сведува на градинка систем, училиштата се места каде што децата седат додека родителите им се на работа и учат да живеат као да е надвор 20ти век а не 21век.

Образвоанието мора да се промени и прошири, инаку ќе остане една убава бајка за простите, а криминалот алатка за успех и достоинство.