Месец: м.г

Даниел Пауновски: Треба да се случат драстични промени во нашето образование

пишува: Даниел Пауновски, член на Претседателство на политичка партија Обединети за Македонија

Премногу внимание и време како општество одвојуваме на не толку важни работи, работи кои 30 години тапкаат во место и не носат промени. За да промениме нешто треба да почнеме од коренот. Каде грешиме?

Училиштето, односно образованието, стана ради-реда традиција кај нас, а не алатка за едуцирање и учење за која е и неговата намена.

Училиштето треба да не подготви како во денешниот свет, светот се менува секојдневно а образовниот систем не се менува. Кога образовниот систем не се менува тогаш не може да очекуваме дека утре и ќе ни помогне во животот. Образованието кај нас одамна не е веќе предизвик, го имаш исто како и возачка што имаш, образованието не е веќе репер за успешност како порано. Никој со образование кај нас пари не направил, а и немаме некој јаки примери овој успеа во животот зашто многу учеше.

Но сепак училиштето и образованието се и те како потребни. Читање, пишување, собирање – математика…Денес тука сите застануваат, чим научаат да читаат, пишуваат и бројат образовани се.

Кога времињата се менуваат и потребите и навиките се менуваат, што значи треба и начинот на образование да се промени.

Треба да има настава за дрога, настава за сексуално образование – час за сексулано образование, не само слики и дијафрагми од од нелогични поими, настава за религијата и нејзините разлики, настава за полициска бруталност, настава за правата на секој човек, настава за мултикултурализам. Образованието се стекнува во училиште а не на улица, 90% од младите денес на улица и интернет се образуваат.

Мислам дека драстчни промени треба во нашето образование да се случат, драстични промени во општеството од страна на луѓето, а човек се учи уште кога е дете. Треба во средните училишта некој предмети сами да ги бираат учениците као на факултет, да посетуваат настава која ги привлекува, која ќе ги задржи во клупата а не на улицата, мислам дека средното образование треба да функционира на тој начин.

Нашево образование не е уопште различно од она во градника – предшколска возраст, денес образванието ни се сведува на градинка систем, училиштата се места каде што децата седат додека родителите им се на работа и учат да живеат као да е надвор 20ти век а не 21век.

Образвоанието мора да се промени и прошири, инаку ќе остане една убава бајка за простите, а криминалот алатка за успех и достоинство.

На покана на УЕФМ, бевме гости на „Европска вечер“

На покана на Унија на Европски Федералисти на Македонија, преку промоција на програмата Македонски Концепт, бевме гости на „Европска вечер“, каде се разговараше на темата “Како Европа да ја донесеме во Македонија”.

Европската вечер ја отвори Претседателот на Унијата на Европски федералисти на Европа, господин Сандро Гози, европски пратеник од листата на “Ренесанса”, политичката групација на претседателот на француската Република, господин Емануел Макрон.

Се донесе Закон за младинско учество и младински политики

Задоволство ни е да Ве известиме дека младите во државата конечно добија
Закон за младинско учество и младински политики.

Среќни сме што со законот се зајакнува учеството на младите во процесите на
креирање на политики, поттикнување на волонтерство, младинскиот активизам и
младинската работа, како и личен, професионален и социјален развој кај
младите.

Линк до законот:

http://obedinetizamakedonija.com/wp-content/uploads/2020/01/dopolnet_predlog_za_mladinsko_uchestvo_i_mladinski_politiki.pdf

ОМ за референдумот во Општина Дојран

Обединети за Македонија за референдумот во Општина Дојран

Обединети за Македонија ги поддржува заложбите на Општината Дојран преку референдум на 02.02.2020 да побара поддршка од граѓаните за реализација на еден од најзначајните проекти – сеопфатно решавање на проблемите на водоснабдувањето и на отпадните води преку јавно-приватно партнерство.

Договорот за концесија со јавно приватното партнерство подразбира три децении стопанисување и одржување на постојната мрежа за водоснабдување, на канализациона мрежа и на пречистителната станица, како и инвестирање во комплетно нова мрежа и надградбата на пречистителната станица, што се планира да се финансира дизајнира, проектира, реконструира, реновира, изгради, користи, управува и одржува. Вредноста на проектот е проценета на над осум милиони евра што е рамно на 16 годишни општински буџети.

Одлуката на Општината – на референдум да се побара мислење и согласност за овој круцијален проект, јасно ги покажува заложбата за вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуките кои ќе имаат силно влијание врз квалитетот на животот и нивната иднината.

Едновремено – тоа значи и одговорност за граѓаните – дали и како ќе се изјаснат за можноста за решавањето на проблемите на водоснабдувањето, канализацијата и на пречистителната станица и создавање услови за одржлив развој, раст на туризмот и заштита на Дојранското езеро.

За Обединети за Македонија одржливиот развој, создавањето предуслови за забрзан раст на туризмот и заштитата на околината немаат алтернатива – биле, се и остануваат основни заложби. Пред нив би требало да запираат и партиските препукувања и пресметки.

Обединети за Македонија смета дека развојните проекти не се и не треба да се заложници и дека Општината ја заслужува поддршката на граѓаните. Секако,сето би требала да биде проследена и со поголема вклученост и ангажман на граѓаните, во следењето на сите наредни чекори од процесот на јавно-приватното партнерство – на крајот – се работи за нивното подобро утре.