Ден: д.м.г

ОММ: Секое дете има право слободно да го изрази своето мислење

Младинската организација на Обединети за Македонија апелира на почитување на правото на слободно изразување.

Без да навлегуваме во заднината и организаторите на протестите на средношколците, даваме до знаење дека секој мирен протест и револт е уставно и демократско право на секоја индивидуа или група за да го дигне гласот за она што таа мисли дека е исправно.

Според член 13 од детските права, секое дете има право на тоа да го изрази слободно неговото мислење и да добива и шири информации преку медиумите. Секое дете има исто така и должност да го изрази неговото мислење така што ќе ги почитува правата на другите луѓе.

Парадоксно е во образовниот систем да не учат дека треба да се бориме за нашите права, мисли и идеи, а од друга страна младите да добиваат закани затоа што сакаат да си го изразат своето мислење. Комунизмот и Југословенскиот режим падна одамна, време е да тргнеме по европските чекори.

Да не заборавиме дека ние младите први ги почнавме промените во оваа држава.

Утре оваа прекрасна татковина ќе остане на нас и ние треба да сме тие што ќе ја движиме напред.