ОМ со порака до ДУИ: Да се почитува Венецијанската комисија во врска со Законот за јазици

Обединети за Македонија реагира на изјавата на Бујар Османи во која „Секое отворање на Законот за јазици, со кој се затвориле прашањата од Рамковниот договор, ќе нè врати пред 2001 година“.

Враќањето во 2001 година е период каде ништо добро нема да и се случи на Македонија. Почитуван господине Османи, ние и вие добро знаеме што се случуваше тие години и колку невини луѓе загинаа. Во наш, заеднички интерес е да ја градиме македонската држава во проевропски дух, бидејќи сите сме деца на Македонија, без разлика на етничката позадина.

Доколку се навраќаме кон минатото, да ве потсетиме дека заеднички сме се бореле против окупаторите на ова парче земја, а кулминација е Охридско-дебарското востание.

Препорачуваме врз основа на заедништвото и на македонскиот дух кој е вроден во секој од нас, без разлика на етничката позадина да застанеме цврсто и проевропски да гледаме напред, а не да ги злоупотребуваме само мрачните делови од нашето минато за ситни политички поени, а да го извлечеме најдоброто од минатото, во сегашноста да извлечеме поука за да градиме европска иднина.

Обединети за Македонија е со став да се почитува Венецијанската комисија во врска со Законот за јазици, бидејќи таа е релевантна и доста почитувана институција од целиот свет, затоа што бараме мислење од европска институција и промовираме европски вредности, а тие европски вредности не смеат да ги кочат ситни политички поени.