Ден: д.м.г

Делегација на ОМ присуствуваше на завршниот настан „Кон одржлива регионална соработка – Берлинскиот Процес и понатаму“

На покана на Институтот за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), како координатор на Тинк Нет Мрежата на Југоисточна Европа (SEE Think Net), делегацијата на Обединети за Македонија присуствуваше на завршниот настан на Мрежата и проектот „Кон одржлива регионална соработка – Берлинскиот Процес и понатаму“, поддржан од програмата за политики „Тинк и Линк 2019“ на Европскиот Фонд за Балканот.

Освен заклучни согледувања за претседателството на Полска со Берлинскиот Процес во 2019, расправано е и за очекувањата од македонско-бугарското ко-претседателство за во 2020 година.