Љубе Бошкоски: Ревизорот откри 400 000 евра непокриени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Државниот ревизор откри 400.000 евра непокриени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори чиј кандидат беше Гордана Сиљановска Давкова, изјави денеска лидерот на Обединети за Македонија – Љубе Бошкоски.


Тој истакна дека очекува процесот „Тортура“ да заврши со осудителна пресуда.


„Денес, зад мене се актерите на „Тортура“, моите прогонители и сите тие луѓе кои во еден монтиран полициско-политички процес „Кампања“ за кои целата домашна и меѓународна јавност го осуди како монтиран политички процес, денес се води постапката за моето мачење, за ова што беше како последица на „Кампања“ – истакна Бошкоски.

„Но денес, сакам исто така да истакнам дека сме сведоци на еден парадокс. Пред некој ден, истиот државен ревизор кој во 2011 година оцени дека политичката партија Обединети за Македонија кампањата ја водела согласно законот за избори, истиот тој државен ревизор најде пред некој ден во кампањата за Претседателските избори во 2019 годината за Гордана Силјановска Давкова дека 400 000 евра се непокриени.


На тој начин е извршено кривично дело за кое се надевам дека против актерите, пред се, против потписникот на извештаите, на кампањата, господинот Јанушев и другите, во една транспарентна судска постапка ќе се докаже дека извршиле дело спротивно на изборниот законик.


Во мојот случај во 2011 година, ниту форезничарите од Гордана Јанкулоска која ја гледам зад мене, ниту докажаа, дека јас на ниту кој било начин сум имал допир со парите, ниту докажаа дека тие пари се употребени во „Кампања“ и ме апсат за монтирано дело по завршувањето на кампањата и ме осудуваат на 5 години затвор.


Очекувам дека органите на прогонот, но во една транспарентна судска постапка, ќе спроведат истрага и доколку ја докажат вината, виновниците ги изнесат пред судот за овие 400 000 евра кое е скандалозно и тешко кривично дело или ако се докаже нивната невиност, да не се постапува вака повеќе и да не се повторува историјата“ – изјави Бошкоски