ОМ учествуваше на третиот Македонско-германски форум

Ѓорѓи Станковски и Деан Димчевски од Обединети за Македонија присуствуваа на третиот Македонско-германски форум.

Не добивањето на датум за преговори со Европската Унија е разочарување и за граѓаните на Северна Македонија и за многумина во Европа, но тоа не треба да ја обесхрабри државата туку напротив треба да ја поттикне да продолжи со реформите и со тоа да ги разубеди оние кои што се скептични. Во преговарачкиот процес клучна улога треба да има Собранието кое треба да има контрола над процесот. Ова беше заклучокот на III Македонско-германски форум: „Перспективите за проширување по Европскиот совет? Улогата на Собранието во пристапниот процес на Северна Македонија и релациите со Европскиот парламент” кој се одржа во Хотел Хилтон во Скопје.

Настанот беше организиран од Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) и Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), го отворија заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски и Дорис Пак, Претседател на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија и поранешен пратеник во Европскиот парламент.