Месец: м.г

ОМ на средба со ИРИ

Ѓорѓи Станковски и Деан Димчевски од Обединети за Македонија имаа средба во Меѓународниот републикански институт (ИРИ) каде имаше пријателски разговор и претставување на организацијата.

На средбата беше и господинот Овен Паун – резидентен директор на програмата во Македонија.


САД е сојузник и стратешки партнер на Република Северна Македонија, но и верен пријател, што може да се забележи уште од независноста. Така и ќе остане во иднина.

ОМ се придружи кон кампањата „Против насилство врз жени“

Андријaнa Алексoвскa, по повод „Меѓународниот ден за елиминација на насилството кон жените“, присуствуваше во Институт Охрид, каде беше одржана средба на млади лидерки од подмладоците во државата.

На средбата беше осудена секаква форма на насилство врз жените во политиката и беа поставени начела на соработка во иднина.

Потоа, претставници од младинската организација на Обединети за Македонија беа присутни во „Жена парк“ на настанот „Нема оправдување! Заедно против насилство врз жени и девојчиња“

Љубе Бошкоски: Ревизорот откри 400 000 евра непокриени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Државниот ревизор откри 400.000 евра непокриени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори чиј кандидат беше Гордана Сиљановска Давкова, изјави денеска лидерот на Обединети за Македонија – Љубе Бошкоски.


Тој истакна дека очекува процесот „Тортура“ да заврши со осудителна пресуда.


„Денес, зад мене се актерите на „Тортура“, моите прогонители и сите тие луѓе кои во еден монтиран полициско-политички процес „Кампања“ за кои целата домашна и меѓународна јавност го осуди како монтиран политички процес, денес се води постапката за моето мачење, за ова што беше како последица на „Кампања“ – истакна Бошкоски.

„Но денес, сакам исто така да истакнам дека сме сведоци на еден парадокс. Пред некој ден, истиот државен ревизор кој во 2011 година оцени дека политичката партија Обединети за Македонија кампањата ја водела согласно законот за избори, истиот тој државен ревизор најде пред некој ден во кампањата за Претседателските избори во 2019 годината за Гордана Силјановска Давкова дека 400 000 евра се непокриени.


На тој начин е извршено кривично дело за кое се надевам дека против актерите, пред се, против потписникот на извештаите, на кампањата, господинот Јанушев и другите, во една транспарентна судска постапка ќе се докаже дека извршиле дело спротивно на изборниот законик.


Во мојот случај во 2011 година, ниту форезничарите од Гордана Јанкулоска која ја гледам зад мене, ниту докажаа, дека јас на ниту кој било начин сум имал допир со парите, ниту докажаа дека тие пари се употребени во „Кампања“ и ме апсат за монтирано дело по завршувањето на кампањата и ме осудуваат на 5 години затвор.


Очекувам дека органите на прогонот, но во една транспарентна судска постапка, ќе спроведат истрага и доколку ја докажат вината, виновниците ги изнесат пред судот за овие 400 000 евра кое е скандалозно и тешко кривично дело или ако се докаже нивната невиност, да не се постапува вака повеќе и да не се повторува историјата“ – изјави Бошкоски

Не одложување, а целосно укинување на прогресивното оданочување

Обединети за Македонија е за целосно укинување на прогресивното оданочување. Со рамниот данок сите се оданочуваат со иста стапка.

Освен како центар-десно партија, ова го посочуваме и со причина дека во иднина може да доведе до „brain drain“, односно поедници со повисок потенцијал на заработка може своите компании да ги пренасочат во друга земја.

Тоа би ја намалила конкурентноста и квалитетниот кадар, но и големината на платите на граѓаните. Освен тоа, прогресивниот данок ги одбива и потенцијалните инвеститори.

Секој инвеститор за да отвори работни места, му требаат добри услови за да може својата инвестиција да ја одржи во живот и да ја направи профитабилна, со што автоматски значи и проширување и повеќе работни места.

ОМ учествуваше на третиот Македонско-германски форум

Ѓорѓи Станковски и Деан Димчевски од Обединети за Македонија присуствуваа на третиот Македонско-германски форум.

Не добивањето на датум за преговори со Европската Унија е разочарување и за граѓаните на Северна Македонија и за многумина во Европа, но тоа не треба да ја обесхрабри државата туку напротив треба да ја поттикне да продолжи со реформите и со тоа да ги разубеди оние кои што се скептични. Во преговарачкиот процес клучна улога треба да има Собранието кое треба да има контрола над процесот. Ова беше заклучокот на III Македонско-германски форум: „Перспективите за проширување по Европскиот совет? Улогата на Собранието во пристапниот процес на Северна Македонија и релациите со Европскиот парламент” кој се одржа во Хотел Хилтон во Скопје.

Настанот беше организиран од Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) и Институт за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), го отворија заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски и Дорис Пак, Претседател на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија и поранешен пратеник во Европскиот парламент.