Алексовска: Колку луѓе мартинки носевте, а колку маски на Ноќта на вештерките?

пишува: Андријана Алексовска, Обединета младина за Македонија, младинска организација на политичка партија Обединети за Македонија

Можеби звучи болно и од една страна навредувачки дека сме народ кој се продава за зрно грашок. Со години се бориме да бидеме свои на своето , да го негуваме она што ни го оставиле нашите предци и да го пренесуваме од колено на колено , ама на крај доаѓаме до степен кога го изоставаме коленото и со сопствената нога си даваме автогол.

Велат биди свој на своето , не се грижи за туѓото и пружи си ги нозете колку што ти е долга чергата. Очигледно имаме проблем со проценка па чергата ни се гледа многу долга, долга како секој нареден месец кога чекаме плата и трошиме повеќе отколку што примаме.

Комплексот е модерна болест во ова лудо време , болест која има маска со безброј лица и истите презентираат глума , неприродност , непродуктивност , едноставно кажано ГЛУМЕЊЕ ЛУДИЛО !

Со сила убавина не бидува драги мои! Многу ТУЃИ НОЌИ живеат во оваа мила Македонија ! Па видете не е ни чудно бидејќи многу луѓе живеат во туѓи животи така да во тренд сте!

Се напнавте со вештерки , тикви и останати антитрадиционални забави , забавички и останати модерни случувања за сушење мозок. Па видете,  како физикус вештерките и тиквите се со значителен наталитетен пораст , така да маски не им требаат, едноставно тоа си се тие и се познати во општеството , а да бидеш познат во денешно време е нели многу ФЕНСИ ?!

Нашите предци тиквата ја конзумирале , била специјалитет на многу традиционални , празнични трпези , а со вештерките ги плашеле децата за да бидат мирни или во краен случај да заспијат.

Нашиот „Halloween“ е Вевчански карневал. Да си ја чуваме традицијата. Богата е и наша, автентична.

И за крај, колку луѓе мартинки носевте, а колку маски на Ноќта на вештерките?