Обединувањето на десницата не почнува од белата палата

Почитувани членови и симпатизери на ОМ, почитувани граѓани на Македонија.

Би излегле на прес-конференција, но за неважни работи и луѓе кои работат за нечии интереси, како про-западна и модерна десна партија заклучивме дека нема потреба да трошиме енергија и време.

Истите членови кои „преминуваат“ се тргнати и исклучени од партијата уште пред неколку месеци поради нивните неусогласени ставови со Претседателството на партијата.

Обединети за Македонија како и секоја сериозна партија има општински организации и раководство кои одлучуваат за натамошниот тек на партијата, затоа сите изјави од таканаречени членови е невалидна.

Дали некои имаат цел да ја спинуваат ослободителната пресуда на нашиот Претседател, Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“, со што се докажа како поранешната Влада се пресметувала со политичките противници?

Како овој, но и другите случаи се само производ на едно тоталитарно размислување на остатоци од комунистичкиот про-југословенски режим, чиишто луѓе ја опседнаа партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа прашуваме: ОД ШТО СЕ ПЛАШИТЕ?

Обединувањето на десницата не почнува од белата палата. Обединети за Македонија останува верна на идеалите на ВМРО и нејзините членови се тука за поддршка, тоа може да се забележи од таканаречените членови кои беа дури двајца на вчерашната прес-конференција.