Борбата за европска и евроатланска интеграција е како нов Илинденски патоказ

Борбата за европска и евроатланска интеграција е како нов Илинденски патоказ

Честитка на Обединети за Македонија по повод празникот 2-ри Август- Илинден

Вековниот стремеж на Македонскиот народ за суверена татковина, со Илинден, засекогаш ќе остане длабоко врежан во нашата историја и во нашата свест.

Илинден, од револуционерната 1903, светол датум што ја симболизира нашата борба за својата слобода – а денешниот ден, е ден кога се сеќаваме на сите, револуционери и борци, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

Како нов Илинденски патоказ денес се бориме за европска и евроатланска интеграција на нашата земја.

Да продолжиме да ја градиме нашата татковина како стабилна и просперитетна држава. Да бидеме сплотени во мислата за иднината, во промислата за животот на нашите млади – на нашата извесност и сигурност во подобро утре.

Да бидеме обединети во оваа борба – затоа што обединети сме силни и – непобедиви!

Нека е честит и вековит Илинден!