ГЛАС ИСТРЕ: Љубе Бошкоски го нарекоа македонски Мандела

Тоа што Љубе Бошкоски го проживеал во своите неполни 60 години и повеќе од доволно е за снимање филм во чие сценарио не би требало да има ништо друго освен неговиот живот, пишува порталот Глас Истре.

„Неговиот живот е толку содржаен, преполн со пресврти и луди ситуации што само треба да се следи нивната нитка. Животот на Бошкоски е трилер со неверојатни заврзлами и уште полуди расплети во кои после многу зла сепак победува доброто. Но патот е тежок, послан со препреки, per aspera ad astra. Човекот, може да се каже без ниту малку претерување, е македонскиот Нелсон Мандела“, пишува Глас Истре во подолг текст во кој Бошкоски зборува во прво лице.

Во текстот Бошкоски раскажува за животот пред и после Хаг и активноста во политиката.