Месец: м.г

Скопје се сеќава-1963

На денешен ден (26.07.1963) се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје.

За 2 минути гинат околу 1000 луѓе, останатите 96 во болнички шатори, 250 000 остануваат без кров на глава.

Градот стана симбол на светското обединување, архитекти од сите краишта на светот го кренаа Скопје на нозе.

Вечна им памет на загинатите. Никогаш да не се повтори!

Мицкоски да му се извини за Бошкоски, па да зборува за „политичка хајка против неистомислениците“

Денес имавте храброст од името на ДПМНЕ да кажете дека е време да се фатиме за работа и за борба против политичката хајка на неистомислениците.

Кога зборувате за срамен процес и за политичка хајка и не нарекувате комунистичка власт, да ве потсетиме за вашата хајка против Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Го помните 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори?

Апсењето и пресудата е третирано како политички мотивирано од повеке домашни и меѓународни релевантни организации, вклучително и во извештај во Стејт Департментот.

Дали ги помните јавните изјави на некои таканаречени новинари кои кажаа дека се радуваат што е уапсен? Се смееле и се радувале?

Вие немате легитимитет да зборувате и дискутирате за т.н. политички хајки и т.н. монтирани процеси.

Вие уште пред неколку години ја докажавте вашата доктрина и спроведени акции против неистомислениците.

За да може да зборувате за некакви хајки против неистомислениците, прво треба да признаете дека вашиот претходник Груевски водеше политички прогон против неистомислениците, не само против Љубе Бошкоски, но и против голем број луѓе, поголемиот дел од ВМРО-ДПМНЕ.

Извинeте се на Љубе Бошкоски и признајте ги политичките прогони кои ги вршевте во вашето десетгодишно владеење, оградете се од политиката на Груевски, па после коментирајте за овогодинешните случувања.

ГЛАС ИСТРЕ: Љубе Бошкоски го нарекоа македонски Мандела

Тоа што Љубе Бошкоски го проживеал во своите неполни 60 години и повеќе од доволно е за снимање филм во чие сценарио не би требало да има ништо друго освен неговиот живот, пишува порталот Глас Истре.

„Неговиот живот е толку содржаен, преполн со пресврти и луди ситуации што само треба да се следи нивната нитка. Животот на Бошкоски е трилер со неверојатни заврзлами и уште полуди расплети во кои после многу зла сепак победува доброто. Но патот е тежок, послан со препреки, per aspera ad astra. Човекот, може да се каже без ниту малку претерување, е македонскиот Нелсон Мандела“, пишува Глас Истре во подолг текст во кој Бошкоски зборува во прво лице.

Во текстот Бошкоски раскажува за животот пред и после Хаг и активноста во политиката.

Гоце Делчев не треба да нѐ разединува

Жешко лето за Република Северна Македонија и Република Бугарија. Комисиите за историски прашања од двете земји дебатираат за одредени личности и дати за славење.

Обединети за Македонија сугерира на конструктивност, врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија. Целта на Договорот е да се развиваат пријателството и соработката.

До каде сме со тоа?

За сите револуционери постојат архиви, документи, потоа писма напишани со нивен ракопис и изјави за странски весници.

Наместо постојано да го осознаваме минатото, треба да фрлиме самокритичен поглед на сегашноста и да ја планираме иднината.

Наместо да се фокусираме на сегашните заеднички проекти и заедничката иднина и паралелно да дебатираме, ние се фокусиравме повторно само на минатото.

Да погледнеме објективно и со студени глави на само еден „резултат“ од досегашните политики: во 21. век, двата главни града се на оддалеченост од само 240 километри, но и на цели четири часа со автомобил. А потребна ни е комуникација, економска соработка и заеднички просперитет.

Да се фокусираме на меѓусебна комуникација и заеднички да се фокусираме на иднината на нашите млади, преку образование, економија, инфраструктура, култура, а паралелно, нека течат и дебатите, секако, поткрепени со факти.

Тоа нека ни е приоритет. Да се осознаеме, комуницираме, дружиме и зближиме. Да градиме мост.

Со градењето на мостот за пријателство, сами, по природен пат ќе го осознаеме и вистинското минато, незагадено од конструкции, пропаганда и квази-историчари.