Месец: м.г

Заврши вториот модул на обуката „Млади Балкански Лидери“

Заврши вториот модул на обуката „Млади Балкански Лидери“. Модулот се одржуваше од 16 до 22 јуни во Ниш и Белград, Србија.

Млади Балкански Лидери е програма која ги обучува политичко-активните млади луѓе од трите соседни земји – Бугарија, Србија и Северна Македонија.

Претставник од Обединети за Македонија беше Ѓорѓи Станковски.

Предавачи беа претставници од трите балкански земји. За време на престојот во Белград, студентите го посетија Националното Собрание на Србија и се сретнаа со претседателот на Комисијата за надворешна политика проф. Д-р Жарко Обрадовиќ.

Координатор е Институт за политика (Бугарија), а партнери се Асоцијација Бестселер и Општина Стари Град (Србија), како и OHRID Institute for Economic Strategies and International Affairs и Општина Струмица (Северна Македонија). Програмата трае година и половина.

Отворени листи и помали плати на пратениците

Започнувајќи од независноста на Македонија и паѓањето на комунистичкиот режим, изборниот модел во нашата држава не дозволува кандидатите за пратеници кои се подолу на листата на партии и коалиции да се здобијат со шанса да бидат изгласани од народот.

Гласачите треба да имаат поголемо влијание врз луѓето кои треба да ги претставуваат, независно од која партија/коалиција се избрани.

Отворената листа дозволува гласачите да избираат поединци, наместо партија. Со отворена листа, гласачите сами го одредуваат редоследот на кандидатите, а на кандидатите им дозволува да си водат и сопствена кампања за подобро да ги претстават своите визии и идеи пред народот.

Обединети за Македонија е на мнение за промена на избирачкиот модел кон отворени листи, но и за плата на пратениците врз основа на просечната плата во Република Северна Македонија.

Со тоа, се прави квалитетна селекција и задните намери на пратениците се во заден план.