Месец: м.г

10 години од основањето на Обединети за Македонија

Обединети за Македонија со пригоден настан синоќа одбележаа значаен јубилеј – 10 години од основањето на Политичката партија. Присутните основачи и членови на Партијаа, бројните гости и симпатизери, како и претставниците на дипломатскиот кор и на политичките партии, имаа можност да го проследат видео времепловот за изминатата деценија, како и обраќањето на Љубе Бошкоски, основачот и претседателот Обединети за Македонија.

Кога се подготвував за обраќањево и кога во себе го оживеав сето низ што поминавме, првата промисла за тоа што сме беше – Револуционерна Партија, нагласи Бошкоски. Само револуционерните партии во своите анали, заедно со постојната, безрезервна народна поддршка, бележат и притисоци, уцени, изборни кражби и измами, прогони, монтирани судски процеси, спектакуларни апсења, протести и побуни.

Се сеќавате? Се обединивме за да ги оствариме идеалите на ВМРО, а станавме жестоки непријатели на оние што бесрамно, под светото име, се обидоа да не сотрат. Се дигнавме против таа власт и нејзината погубна политика, надградена со минато, проширена со корупција, проектирана да не претвори во заложници на нивната ДПМНЕ иднина, потсети Бошкоски.

Одговорни пред идеалите и стварноста, бевме и останавме противници на секоја политика што не дозволува земјата да оди кон стопански развој и реформи, кон евро-атланските интеграции.

Големиот исчекор кон евроатлантските семејства е направен со нови договори и компромис. Силата и тежината на компромисот, со одлуката за придавката кон името наместо БЈРМ кратенката, на сите ни создаде дилеми: Придавката кон името или агонијата создадена од груевистичката власт! Придавката кон името или корупција и криминал што ќе не втурнеа во банкрот, за да немаме време и сили да се бориме, криминалците да ги запреме во погубниот поход! Придавката кон името или судот на совеста пред идните генерации?
Ја одбравме придавката наместо кратенката – ја одбравме иднината, со јасна мисла и порака – само иднината ќе ни суди и пресуди за тоа што наместо држава заложена кај груевци и мијалкови – и одбравме иднината на Европска Македонија, заклучи Бошкоски.

Нашата верба е и останува во идеалите на ВМРО, на опстојувањето и градењето на нејзините вистински цели, во обединувањето за нивно остварување. Ќе бидеме истрајни во тоа, потенцира Бошкоски.
Подаваме рака и кон ВМРО-ДПМНЕ, доколку најдат сили и се ослободат од срамните – криминални политики на груевистите. Не се случи ли тоа – нашите врати и срца остануваат отворени во нашиот дом на вистинската ВМРО.

 

Ви го честитаме големиот празник на сесловенските просветители

Обединети за Македонија ви го честита големиот празник на сесловенските просветители.

Денеска, освен честитка, сакаме да испратиме порака до сите генерации кои користат социјални медиуми.

Користењето на латиница за нашиот јазик е неприродно и не изгледа убаво.

Затоа, да користиме кирилско писмо и да си ја запазиме вековната традиција.

Делегација на Обединети за Македонија положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Делегација на Обединети за Македонија, предводена од претседателот Љубе Бошкоски, положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 116 годишнината од смртта и оддаде почит на големиот револуционер.

Од обединување-до победа! Употреба и злоупотреба на претседателската изборна кампања

Од обединување-до победа!

Сведоци сме на употреба и злоупотреба на претседателската изборна кампања.

Се претвора во битка за враќање на властохлепно минато на ДПМНЕ – на времето на БЈРМ кратенката и на заложништвото на земјата од страна на криминогеното раковдство на ДПМНЕ.

Кандидатката и нејзиниот претседател Мицковски со денови рецитираат што се не чини во земјава и рекламираат што ќе направат кога и ако дојдат на власт.

Но – многуте зборови имаат единствен именител: ВЛАСТ! А ние знаеме и каков е резултатот на нивната ВЛАСТ. Изолирана, осиромашена Македонија, Македонија со галопирачки кредитни задолжувања фрлена на коленици пред вратите на банкротот, Македонија без иднина, со партиски ДПМНЕ службеник – наречен Претседател.

Токму таков е и сегашниот Претседател. Со интернет страница која вели дека не ги добил новите директиви од ДПМНЕ, Претседател е во и на минатото.

И Кандидатката Сиљановска-Давкова упорно заговара такво сценарио, иако професорката Сиљановска-Давкова знае дека сето нема врска со уставот и законите за претседателските права и должности.

Целата е нурната во битката за враќање на владеењето на ДПМНЕ.

Каде всушност не водат кандидатката и нејзиниот претседател Мицковски? Секако не само кон лошите политики. Тие се ЗАКАНА и за нашата, европската иднина и за младите.

А младите, како посебна социјална категорија, претставуваат основа за развој на општеството. Непобитно се поврзани со човечката димензија на европските интеграции и се основа за градење на Концептот на Европскиот Ѓраѓанин. Профеосрката која вели дека не ги лаже студентите, ова би требало да им го каже, иако по плоштадите нејзините зборови имаат токму спротивно значење.

Иднината на младите на ДПМНЕ е за оние кои се подготвени да и слугуваат – да лепат плакати и да се партиски послушници како административни служебиници. Прогонот е за сите останати.

Затоа, ги повикуваме младите да гласаат против ваквата ДПМНЕ иднина. Да гласаат за европската и за својата иднина во неа! За модернизација наместо популизам и сервилен партиски патриотизам.

Обединети за Македонија цврсто стојат зад целите на оваа коалиција.

Зошто? Затоа што ние сме вистинското ВМРО, а она што оваа Влада го работи изминативе две години се токму заложбите на ВМРО од деведесетите години – за ЕУ и НАТО. Поддршката на коалицијата за ОМ претставува и продолжување на 2014 година. Затоа сме сега тука – повторно сплотени и со иста цел – како вистинско ВМРО , како доследност со која Обединети за Македонија застануваат зад обединување и заедништво.

Во овие извонредно значајни моменти за нашата земја, од исклучително значење е обединувањето чија цел се заедничка изградба на стабилно, економски развиено и просперитетно општество.

Поради тоа, мошне е значајно Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини граѓаните, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, претседател кој ќе гледа кон иднината. Стево Пендаровски е токму таков.

ОМ е свртена кон иднината и кон предизвиците што лежат таму.

Подготвена е да вложи максимални напори за да ја направиме земјава добредојден партнер на целиот свет – модерна земја на среќни луѓе.

Да и дадеме шанса на среќата и на иднината

#ЗаедноНапред 🇲🇰🇪🇺