Демант на Обединети за Македонија ОО Охрид

Раководството на ОО Обединети за Македонија – Охрид во целост ја демантира изјавата на поранешниот претседател и од неодамна разрешен член на ОМ г-дин Владимир Каневчев како неточна.

Истиот, како поранешен претседател на ОО не може и не смее да дава изјави во име на целокупното останато раководство дека наводно го поддржува кандидатот за градоначалник на ГДУ, г-дин Михаил Трендафилов – Нанче, бидејќи тоа е бесрамна лага!

Сосема спротивно, раководството, како и членството на ОО Обединети за Македонија – Охрид, како коалициони партнери на СДСМ, даваат целосна и безрезервна поддршка на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид д-р Константин Георгиески, а воедно и на кандидатот на СДСМ за претседател на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.