Бошкоски: Кое име ќе го враќа Сиљановска – Давкова? БЈРМ?

Љубе Бошкоски: Кое име ќе го враќа Сиљановска – Давкова? БЈРМ? Едно грдо име, кое го носевме толку години – тоа е и нешто што не е во нејзина надлежност!

На средбата на Стево Пендаровски со граѓаните на Сопиште на присутните им се обрати и Љубе Бошкоски. „Јас, како Брат Љубе и Обединети за Македонија цврсто стоиме зад кандидатурата на Стево Пендаровски. Да ја расчистиме дилемата дали вистинското ВМРО е зад оваа кандидатура. Да – бидејќи она што оваа Влада го работи изминативе две години се заложбите на ВМРО од деведесетите години – за ЕУ и НАТО.

Осврнувајќи се на заложбите на Сиљановска – Давкова за промена на Преспанксиот договор и за враќање на старото име, Бошкоски запраша дали тоа значи дека таа ќе е над Уставот, а и кое старо име ќе враќа? БЈРМ?

Едно грдо име, кое го носевме толку години, тоа е и нешто што не е во нејзина надлежност,поентираше Бошкоски. „Затоа, на она членство на ВМРО, на оние 150 000 луѓе кои пред десет години го дадоа гласот за мене како независен кандидат за претседател,со ВМРО- вска идеологија, им порачувам да не потпаѓаат под вакви лаги, невистини и небулози и да му ја дадат поддршката на Стево Пендаровски“