Месец: м.г

Демант на Обединети за Македонија ОО Охрид

Раководството на ОО Обединети за Македонија – Охрид во целост ја демантира изјавата на поранешниот претседател и од неодамна разрешен член на ОМ г-дин Владимир Каневчев како неточна.

Истиот, како поранешен претседател на ОО не може и не смее да дава изјави во име на целокупното останато раководство дека наводно го поддржува кандидатот за градоначалник на ГДУ, г-дин Михаил Трендафилов – Нанче, бидејќи тоа е бесрамна лага!

Сосема спротивно, раководството, како и членството на ОО Обединети за Македонија – Охрид, како коалициони партнери на СДСМ, даваат целосна и безрезервна поддршка на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид д-р Константин Георгиески, а воедно и на кандидатот на СДСМ за претседател на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

Потомците на ВМРО со Љубе Бошкоски

Потомците на легендите на #ВМРО – Мише Развигоров, Борис Дрангов и Кузман Шапкарев, заедно со претседателот Љубе Бошкоски и делегацијата на ОМ.

Прекрасно беше чуството да се биде заедно со потомците на легендите на ВМРО – Мише Развигоров, Борис Дрангов и Кузман Шапкарев.

Да се видат заедно со членовите на Обединети за Македонија и нејзиниот претседател Љубе Бошкоски – како обединување на вистинското ВМРО, како поставување на минатото за темел на иднината, како што нагласи и премиерот Зоран Заев, на настанот на денот – на чествувањето на 11 години од создавањето на Бугарскиот Културен Клуб – Скопје.

Бошкоски: Кое име ќе го враќа Сиљановска – Давкова? БЈРМ?

Љубе Бошкоски: Кое име ќе го враќа Сиљановска – Давкова? БЈРМ? Едно грдо име, кое го носевме толку години – тоа е и нешто што не е во нејзина надлежност!

На средбата на Стево Пендаровски со граѓаните на Сопиште на присутните им се обрати и Љубе Бошкоски. „Јас, како Брат Љубе и Обединети за Македонија цврсто стоиме зад кандидатурата на Стево Пендаровски. Да ја расчистиме дилемата дали вистинското ВМРО е зад оваа кандидатура. Да – бидејќи она што оваа Влада го работи изминативе две години се заложбите на ВМРО од деведесетите години – за ЕУ и НАТО.

Осврнувајќи се на заложбите на Сиљановска – Давкова за промена на Преспанксиот договор и за враќање на старото име, Бошкоски запраша дали тоа значи дека таа ќе е над Уставот, а и кое старо име ќе враќа? БЈРМ?

Едно грдо име, кое го носевме толку години, тоа е и нешто што не е во нејзина надлежност,поентираше Бошкоски. „Затоа, на она членство на ВМРО, на оние 150 000 луѓе кои пред десет години го дадоа гласот за мене како независен кандидат за претседател,со ВМРО- вска идеологија, им порачувам да не потпаѓаат под вакви лаги, невистини и небулози и да му ја дадат поддршката на Стево Пендаровски“