Прв дел од обуката „Млади балкански лидери“

Во Пловдив се одржуваше првиот дел од обуката „Млади балкански лидери“ организирана од страна на Институтот Охрид. Обуката е за вмрежување на младите и перспективни лидери од Македонија, Бугарија и Србија.

Претставник од младинската организација на Обединети за Македонија е Ѓорѓи Станковски.

Целта е да се создадат и обликуваат лидери кои ќе имаат поинаков пристап кон носењето одлуки, сѐ со цел интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО.