Обединети за Македонија го поддржува договорот за надминување на спорот со името

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА
Обединети за Македонија го поддржува договорот за надминување на спорот со името и ги
повикува граѓаните, особено младите, да излезат на референдумот на европската иднина на
Македонија.
Претседателството на Обединети за Македонија на својата синоќешна седница расправаше и го
поддржа договорот за надминување на спорот со името. Оценка на Претседателството е и да се
даде можност за подобра иднина на младата популација и на генерациите кои доаѓаат, преку
создавање предуслови за прием на нашата земја во евро-атланските интеграции.
Со придавката северна нема да се изгуби идентитетот на државата, ниту другите суштевствени
определби. Тие не се загрозени – ниту се менуваат, став е на Претседателството.
Обединети за Македонија внимателно ќе го следат реализирањето на договорот, и со своето
делување ќе придонесуваат кон неговото остварување во духот на темелните Партиски определби
согласно кои утре навистина ќе станеме, рамноправна членка на ЕУ и НАТО.
Обединети за Македонија ги повикува граѓаните, особено младите, да излезат на референдум и
да го дадат својот глас за европската иднина на нашата земја. Одложуваната иднина треба
конечно да стане минато.