Се отвори Општинскиот штаб во Битола

Денеска во Битола се отвори штабот на Обединети за Македонија ОО Битола. Претседателот на ОМ, господионот Љубе Бошкоски во својот говор истакна дека се вложил максимален напор повторно да се отвори штабот на ОМ, најсилниот огранок на партијата која полека, но сигурно го враќа респектабилното место на политичката сцена и е дел од Власта и коалицијата, иако долго се чекало, но се исплатило да се биде дел од една рефорска Влада.

Бошкоски потенцираше дека иако ОМ е десничарска партија, со вмровска, десничарска и демохристијанска проевиденција, во оваа Влада има десничарски ноти, десничарски идеи, идеи кои подразбираат максимално вложување и поддржување на крупниот капитал кој ќе создава можности за нови вработувања во Репулика Македонија и да се решат проблемите кои остануваат во нашата држава.

Погледнете го целосното видео: