Претседателот Бошкоски ги отвори новите партиски простории во Кичево

Кога го формиравме ВМРО-ДПМНЕ во 90-те години имавме јасна визија. Се кренавме против едноумието во Македонија, тргнавме да направиме суверена држава, тргнавме во борба против бирократијата, криминалот и се што беше лошо во комунистичкото едноумие. И што се случи во овие десет години со тоа бедно човече- се случи тоа, кога во животот тргнуваш и стануваш она против кое си се борел, тогаш ти си човек без идентитет, повеќе не си човек.

Против она што се бореше ВМРО-ДПМНЕ, тој стана токму тоа, полнејќи го своето чекмеџе со наши пари.

 

И тоа чудно човече кое се трудеше 14 години да стане лидер и како што јас од оној говор му кажав, така и бидна, дека тој не може да биде лидер туку само технички претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ме советуваат денеска да не го споменувам него, но не можам. Мора да се искорени груевизмот од државата зашто последиците се страшни, рече претседателот Љубе Бошкоски на отворањето на нов штаб на Обединети за Македонија во Кичево.

 

 

Денес уште поставуваат прашања од типот како јас не сум бил коректен кон Груевски кој ми помогнал па дури и ме извлекол од Хаг, и уште некои прашања кои потврдуваат дека треба да се искорени груевизмот, заради Македонија, не заради Љубе Бошкоски. И да претпоставиме дека Груески ме спасил од Хаг иако тоа не е прашање ниту за претпоставка.

Што треба јас да бидам? Зарем требаше да бидам нивен полтрон и слуга зашто бранејќи ја Македонија заминав таму каде што бев? Или како благодарност требаше да станам дел од таа мафија и криминално друштво?

Изгледа тој продаде четири стана за мојата одбрана во Хаг?

Тој е минато и за него не сакам повеќе да зборувам. Обединети за Македонија продолжува таму каде што запре ВМРО-ДПМНЕ. Обединети за Македонија се авангардата на ВМРО-ДПМНЕ и го трасираме патот за кој целосно се вложивме. Нема дилеми дека ние сме десничарска партија која нема да биде нем и ничиј послушник, рече претседателот Бошкоски.

Со свој говор пред присутните се обрати и претседателот на општинската организација на Обединети за Македонија Кичево