Претседателот Бошкоски го отвори новиот општински штаб во Кривогаштани

Груевски е исплашен и слободата му бега од раце, па затоа го повикува народот зборувајќи за патриотизам и големи дела, кои тој никогаш не ги направи за Македонија, рече претседателот Љубе Бошкоски, лидерот на Обединети за Македонија денеска во Кривогаштани каде што партијата отвори нов штаб.

– Неговото време минува, ова е време на вистинските патриоти. Но јас не сакам да ги делам граѓаните на патриоти и предавници, како што тоа тој го направи. Сите сме Македонци и ја љубиме Македонија. Тој ги промени тезите патриотите станаа предавници, а предавниците патриоти, рече претседателот Бошкоски.

Бошкоски додаде дека нивна цел е да се гарантира сегашноста и преку гарантирање на сегашноста да се гарантира и иднината на нашата земја.

 

ВИДЕО ОД ОБРАЌАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОШКОСКИ