Одбележување на седмоноемврискиот бунт

На 7ми Ноември 2017 година се одржа одбележување на седум години од седмоноемврискиот бунт на нашата партија во новоотворените простории.

-Нашиот бунт против овој закоравен бивш режим нема да престане додека не го трнеме секој коров кој го посееја во Република Македонија. Ние како Обединети за Македонија дадовме поддршка на Зоран Заев, му дадовме поддршка зошто проценивме дека тој има сила да ги сруши Груевски и фамилијата, и зошто сметаме дека не е време да се докажуваме кој е лево, кој е десно или во центарот, истакна Претседателот на Обединети за Македонија, господинот Љубе Бошкоски.