Месец: м.г

Видео-Интервјуто на претседателот Бошкоски во „Ноќно студио„ на Телма

Фотографија на Славчо Коската.

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во синоќешното гостување во Ноќното студио на Телма, јавно говореше за тоа што му се случувало за време на издржувањето на казната затвор во Идризово.

– Најмонструозното е присилувањето да конзумирам таблети за смирување, во присуство на затворските службениците. Морав пред нив да ги пијам таблети од кои се создава зависност. Ми даваа седативи кои ги надминуваат нормалните дози. Во целиот процес бев само физички присутен, ако ме видите на снимките од процесот таму е некој друг Љубе, рече претседателот Бошкоски.

Тој во интервјуто говори и за случајот „Кампања“ и за предметот на СЈО „Тортура“, како и за неговиот актуелен и иден политички ангажман.

Видео-Интервју на претседателот Бошкоски за Макфакс

(Видео) Бошкоски: Не се враќам во ВМРО-ДПМНЕ, но имам обврска да помогнам во уривањето на Груевски

Немам амбиции да се вратам во ВМРО-ДПМНЕ, но имам морална обврска и должност да помогнам во уништување на актуелното раководство на партијата, вели претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во интервју за „Макфакс.“ Тој ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон неговата партија. Според него, неопходни се реформи во партијата, но не е трагедија, како што вели, ако партијата исчезне од политичката сцена.

– Не е толку трагично ако една партија што владеела 11 години замине од политичката сцена, како радикалите на Шешељ, партија од која подоцна излезе партијата на Вучиќ. Ако основачите на ВМРО самите велат дека не треба да се злоупотребува тоа свето име, да се тргне настрана, тогаш не гледам причина зошто некои глумат тврдокорни и поголеми патриоти од мене – вели претседателот Бошкоски.

Претседателот Бошкоски во интервјуто зборуваше и за случајот „Кампања“, за која ја издржа затворската казна, за што најави кривична пријава против судијката Радица Василевска. Сведочи дека трпел закани и лично од ексначалникот на УБК, Горан Грујевски. Бошкоски додава дека тој и неговиот адвокатски тим имаат несоборливи докази дека станува збор за полициско-политичка местенка и ќе водат паралелна постапка на страна од специјалното обвинителство, кое отвори случај под името „Тортура“.

– Судството мора да се ослободи од корумпираните судии. Додека не ги видиме на обвинителна клупа, иако Уставот ги штити судиите да не одговораат за дадено мислење, другиот дел од приказната е мрачниот дека постојат договори за што имаме и докази. Мене кога ме апсеа полициските службеници, ми кажаа дека ќе лежам осум години и судијката Радица Василевска не ме осуди ни ден помалку. Случајот „Ровер“,  кoj сè уште трае, е уште помонструозен, имаме и докази како обвинителството заедно со Грујовски, кој сега е во екстрадициски притвор, дојде во Идризово да ми се заканува“, додава претседателот  Бошкоски.

Претседателот Љубе Бошкоски зборува и за системот за прислушување и уверува дека не бил злоупотребуван од државата во времето кога тој бил на челната позиција на Министерството. Бошкоски зборува и за можното учество во Владата на Заев за пополнување на испразнетите министерски места, за враќањето на Обединети за Македонија на политичката сцена, како и за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ и потребата од смена на Груевски и целото партиско раководство.

Претседателот Бошкоски го отвори новиот штаб во Охрид

Претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски во Охрид ги отвори новите простории на комитетот.

Обединети за Македонија се крева од пепелта по една деценија заробеништво во Македонија, откако минатата власт се обиде да не уништи како партија, рече претседателот Љубе Бошкоски на отворањето на вториот партиски штаб во Охрид.

– Деновиве гледаме еден лидер кој така уште се нарекува, во интервју, зборува како ние кои сега сме власт, велат дека ќе сме го продаделе јазикот дека Македонија ќе била бинационална држава дека Македонија ќе го даде Уставот, името и дека се за што тој се борел, Македонија ќе изгуби. Притоа заборава дека токму тој се служеше со овие методи и не случајно го нарекував него и тие околу него политички чудовишта. Освен со сеење страв и омраза не можеа поинаку да владеат со Македонија.

Ние не се бориме за Македонија во која стравот ќе владее и за чудовишта кои излегуваат од црни џипови со црни мисли, тоа време е минато.

Ме критикуваа дека многу сум го споменувал ВМРO-ДПМНЕ. Не можам да се откажам од ВМРО, политичката партија во која членував две децении, од македонскиот код на чии темели ја градиме платформата на нашата политичка сила Обединети за Македонија. ВМРО е нашата матрица, нашата судбина и шифра на опстојување на македонскиот народ, без разлика на која политичка партија и припаѓаме.

Претседателот Бошкоски најави дека до крајот на годинава ќе се отворат партиски штабови во сите градови на Македонија.