Претседателот на ОМ- Љубе Бошкоски ќе присувствува на централната прослава пред Влада

Претседателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски ќе присувствува на централната прослава пред Влада по повод денот на независноста на Република Македонија 8-Септември.

Ги повикуваме членовите и симпатизерите на Обединети за Македонија да присуствуваат на прославата,и во оваа прилика Обединети за Македонија им го честита денот на независноста и суверенитето на Република Македонија на сите граѓани кои со своето референдумско изјаснување ги ставија темелите на демократијата и независноста на нашата Република.