Љубе Бошкоски: Честит Илинден браќа и сестри, нека ни е вечен!

Teмелите на македонската државност кои беа врежани длабоко во умот и срцето на нашите предци, со текот на времето нè доведоа денес пред вратите на големиот европски сон.

Дојде часот, зад нас да ги оставиме предрасудите, несогласувањата, да ги заборавиме лошите работи, со почит кон историјата да тргнеме заедно кон иднината.

Во иднината нема место за историски несогласувања, нема место за осуда, нема место за суд и предрасуда, нема место за омраза, нема место за застарени приказни за предавници и патриоти.

Во иднината таму пред европските порти има место за почит на историјата но не живеење во неа, има место за модерни европски размислувања, наместо за судови, предрасуди, омраза, поделби за доброто на Македонија, ни требаат нови модерни размислувања кои ќе ја почитуваат историјата, но нема да живеат во неа.

Нека овој ден уште еднаш биде темел на новиот македонски дух. Честит Илинден браќа и сестри, нека ни е вечен!