Месец: м.г

Локалната власт во Штип жителетите од Ново Село ги третира како граѓани од втор ред

Коритото на реката Отиња во ,,Ново Село” кое е во должина од околу 2КМ  истото власта во Штип го уредува 6 години и никако да го заврши ,овој проект беше започнат во 2011 година од тогашниот градоначалник Зоранчо Алексов -градоначаник од редовите на ДПМНЕ а сегашниот градоначалник Илчо Захариев го продолжи уредувањето на коритото, истиот вети дека до крајот на неговиот мандат коритото ке биде уредено но ете сеуште не е завршено го потсетуваме градоначаникот дека овој дел од коритото на река Отиња кој впрочем се наоѓа на самиот влез на градот и по четири години сеуште личи на дива депонија отколку на речно корито кое го отсликува лицето на градот ,господине Захариев зарем во вашиот 4 годишен мандат со вашите соработници не најдовте време и средстсва да го средите овој дел кој за жал го груби ликот на градот а вие со вашата негрижа жителите на Ново Село за жал ги третирате како граѓани од втор ред.

На 15 Октомври стигнуваат промените, Штип и штипјани не заслужуваат човек кој ветува и неостварува.

Центар за комуникации Обединети за Македонија

25.08.2017

Љубе Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски од Мечкин камен честитајќи го Илинден порача дека е време да се надмине конфликтноста во општеството и помеѓу граѓаните.

Тој најави дека на локалните избори ќе настапи заедно со Стојанче Ангелов и со Љубчо Георгиевски со коалицијата „ВМРО за Македонија“.

 

Љубе Бошкоски: Честит Илинден браќа и сестри, нека ни е вечен!

Teмелите на македонската државност кои беа врежани длабоко во умот и срцето на нашите предци, со текот на времето нè доведоа денес пред вратите на големиот европски сон.

Дојде часот, зад нас да ги оставиме предрасудите, несогласувањата, да ги заборавиме лошите работи, со почит кон историјата да тргнеме заедно кон иднината.

Во иднината нема место за историски несогласувања, нема место за осуда, нема место за суд и предрасуда, нема место за омраза, нема место за застарени приказни за предавници и патриоти.

Во иднината таму пред европските порти има место за почит на историјата но не живеење во неа, има место за модерни европски размислувања, наместо за судови, предрасуди, омраза, поделби за доброто на Македонија, ни требаат нови модерни размислувања кои ќе ја почитуваат историјата, но нема да живеат во неа.

Нека овој ден уште еднаш биде темел на новиот македонски дух. Честит Илинден браќа и сестри, нека ни е вечен!