Осум години Обединети за Македонија

Осум години Обединети за Македонија. Осум години солзи, борба, смеа, радост, тага. Осум години среќа, подеми, падови. Низ текот на нашето опстојување на политичката сцена, имаше многу мили и не мили настани кои не направија она што сме денес.

Image result for obedineti za makedonija

Рамо до рамо со најголемите, сочувствувајќи со најмалите, храбро и борбено минавме трнлив пат, кој многу скапо го плативме, пат кој некогаш симболизираше гордост, пат кој не доведе на прагот на пеколот, пат кој завршуваше во црни зандани, пат кој неретко, не прикажуваше светло.

Фотографија на Обединети за Македонија.

Срцевината на Обединети за Македонија, ја носат основачите, од чии раце не створија јаки како челик, како партија која во себе имаше сила и разум да го мине најлошото за да дојде до најдоброто. Благодарноста кон нив е неизмерна. Мозаикот од историјата на Обединети за Македонија, припаѓа и кон членовите, симпатизерите, но и кон оние кои тоа не се, а честопати, добронамерно не советуваа, кој дел од тој мозаик недостасува. И кон нив благодарноста е неизмерна.

Фотографија на Обединети за Македонија.

 

 

Тешки времиња минавме, а она што секогаш беше водилка беше борбата за визија, а не провизија. Борбата за чиј стожер, е единствено Македонија, борба која ја водевме од пеколот. Борба која е појака од самите нас, жарот за таа борба, не згасна и нема да згасне, се додека во секој од нас тлее мало зрно надеж. Во нас…. Во вас… Во Македонија… Честит роденден Обединети за Македонија.

Фотографија на Обединети за Македонија.