Челниците на Обединети за Македонија на покана од Францускиот Амбасадор во неговата резиденција

Челниците на Обединети за Македонија на покана од Францускиот Амбасадор во неговата резиденција

. Претседателот на Обединети за Македонија г. Љубе Бошкоски придружуван од подпретседателот г. Кратовалиев и неговата Екселенција г. Кристијан Тимоние разменија мислења и ставови поврзани со актуелните политички и општествени случувања во Република Македонија.

 

Претседателот г. Љубе Бошкоски ги истакна принципиелните ставови на Обединети за Македонија за потребата за влез на Репулика Македонија во ЕУ и НАТО но и за безусловната поддршка која Обединети за Македонија ја дава на новоформираното парламентарно мнозинство, како и за заложбите на Обединети за Македонија за враќање на демократските процеси во земјата.

Претседателот Бошкоски изрази благодарност за сестраните заложби на Република Франција, и особено на неговата екселенција, г. Тимоние за стабилизирање на состојбите во Република Македонија во изминатиот перод од две години.