ОМ-Насилните дејанија и луѓето кои ги поддржуваат да подлежат на одговорност

omlogo   Соопштение до медиуми-Обединети за Македонија

Обединети за Македонија, цврсто водени од Европските идеали, го поздравуваат храбриот и одлучен чекор, на парламентарното мнозинство во Сообранието.

Сметаме дека, насилните дејанија и луѓето кои ги поддржуваат и чинат, треба да подлежат на одговорност, и бараме институционална разврска на истите.

Обединети за Македонија, притоа, истакнуваат недвосмислена и безрезервна поддршка, кон понатамошните чекори, во насока на формирање нова реформска Влада, која храбро ќе го осветли патот кон евроатлантската интеграција на Македонија.

Центар за комуникации

Обединети за Македонија 28.04.2017