Месец: м.г

ОМ-Македонија мора и може да излезе од криза со конституирање на парламентот

На редовната седница на претседателството на Обединети за Македонија, одржано во Велес на 26.03.2017, на дневен ред меѓу другото беше:
Завземање став, околу актуелната општествено-политичка ситуација која што продуцира продолжена политичка криза, Обединети за Македонија притоа донесе заклучок дека:

– Македонија мора и може да излезе од криза со конституирање на парламентот;
– Прифаќање на волјата на најголем број граѓани на Република Македонија, изразена преку мандати;
– Формирање реформска влада од мандаторот кој обезбеди 67 мандати.

Обединети за Македонија ќе ги прифатат сите решенија кои се во рамки на највисокиот правен акт, Уставот на Република Македонија, овозможувајќи непречено одвивање дебати кои ќе отворат пат на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО.

Обединети за Македонија како партија, со јасна вмровска идеологија ги повикуваат своите браќа и сестри вмровци на разбирање на сериозноста на ситуацијата, да дадат поддршка на демократските процеси.

Нападот врз новинарите на А1он, кукавички потег по нарачка

Обединети за Македонија го осудува вчерашното неконтролирано дивеење на лицата кои ги нападнаа новинарите на А1он, оценувајќи го како кукавички потег по нарачка.

Ги повикуваме сите на разум и совесност, да не се влегува во сценарија креирани од лица кои ќе не втурнат во безредие, само за да бидат спасени од правдата.

Секој треба да ги почотува правата на другите, а не да ги штити само сопствените. Македонија е татковина на сите нејзини граѓани.

Обединети за Македонија го охрабрува претседателот Ѓорги Иванов уште денес да го даде мандатот на опозицијата за составување на нова влада, за да помогне во одржувањето на мирот и стабилноста во земјава.

Бидејќи место за поинакви одлуки нема, а не случајно за тоа пристигнуваат пораки и од нашите стратешки партнери ЕУ, САД и НАТО.

Обединети за Македонија ја дава својата целосна и безрезервна поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во процесот за мирно преземање и трансфер на власта. Време за чекање не смее повеќе да има.

Конечно дојде времето за одговорност!