Огњановски: ГТЦ е претворен во пералница на пари за партијата на Амди Бајрам

Коалицијата ВМРО за Македонија денеска беше во посета на Градскиот трговски центар, каде членовите на коалицијата имаа средба со граѓани и сопственици на дуќани.

– Она што можеме да го забележиме од нивните изјави е тоа дека некогаш ГТЦ беше место со кое Скопје можеше да се годрее, а сега буквално е претворено во руина поради лошото раководење на трговскиот центар од страна на менаџментот кој е поставен од Владата на РМ, а даден е на Амди Бајрам и неговата фамилија, истакна Марјан Огњановски, потпретседател на Обединети за Македонија.