Симболи

 

Партијата има Грб, Знаме и Химна.

Партискиот грб претставува хералдичка стилизација на традиционалниот земски грб на Македонија.

Оваа интерпретација е црн лав со круна исправен на задните нозе, кој со опашката држи факел, поставен на жолто – златен штит. Црната боја според хералдичките правила претставува благоразумие и смирување, но воедно и жал (носталгија за славното минато), додека факелот во опашката претставува желба за светла иднина. Жолто – златната боја освен благосостојба претставува правичност и великодушност, но таа традиционално се користи да го симболизира и Македонското Сонце.

 

Партиското знаме е со димензии со однос 2:1 на жолто – златна основа, во чија позадина се наога лав со иста боја во различна нијанса, а во средината на знамето, централно е поставен партискиот грб.

 

Химната на Обединети за Македонија