Претседател

11351223_878115775568692_4063965831406978342_nЉубе Бошкоски (р. 24 октомври 1960 во Тетово) е претседател на Обединети за Македонија.


Образование

Бошкоски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1985 година. По дипломирањето работел како приправник во суд, а потоа како правник на Фондот за пензиско осигурување во Пула, Хрватска. Заменик директор на Здравствениот дом во Ровињ.


Политичка кариера

По парламентарните избори во 1998 година и победата на ВМРО-ДПМНЕ, Бошкоски бил именуван за заменик на директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК) во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

На 31 јануари 2001 година, бил именуван за државен секретар во МВР. За време на Вооружениот конфликт од 2001, на 13 мај 2001 година бил назначен за Министер за внатрешни работи на Република Македонија во широката владина коалиција.

По парламентарните избори на 15 септември 2002 година, станал пратеник во Собранието на Република Македонија.

Во 2009 година, по излегувањето од Хаг, Бошкоски се кандидираше на претседателските избори и освои
150 000 признаени гласови.

По претседателските избори во 2009 година ја основа политичката партија Обединети за Македонија.

Кариера:

1986 – Фонд за здраство – Пула
1987 – Заменик директор Здраствен дом – Ровињ
1990 – Член и основач на ВМРО – ДПМНЕ
1990 – 2008 Член на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ; Претседател и секретар на задграничен комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Хрватска и Италија
1998 – 2001 Заменик Директор во Управата за безбедност и контраразузнавање – МВР
2001 – Државен секретар при Минстерството за внатрешни работи – МВР
13 мај 2001 Министер за внатрешни работи – МВР
2002 – 2006 Пратеник во македонскиот парламент
2004 – Префрлен во Судот за воени злосторства во Хаг – Холандија
2004 – Автор на книгата – Мојата борба за Македонија
10 јули 2008 – Ослободен и прогласен за невин од сите обвиненија од страна на Хашкиот трибунал
2009 – Независен претседателски кандитат на Република Македонија
29 мај 2009 – Формирање на политичка партија Обединети за Македонија и нејзин Претседател
2018 – Посебен советник за странски инвестиции во Владата на Република Северна Македонија